Настанот Е3 е официјално Мртов

Electronic Entertainment Expo е официјално Мртво…

Иднината на конвенцијата беше доведена во прашање откако настанот во 2023 година беше откажан и Reedpop, сопственик на настани како што се PAX и EGX, во септември изјави дека повеќе нема да работи со Здружението за забавни софтвери (ESA) за повторно лансирање шоуто.

Stanley Pierre-Louis, претседател и извршен директор на ESA, ја потврди веста за The Washington Post.

“We know the entire industry, players and creators alike have a lot of passion for E3. We share that passion. We know it’s difficult to say goodbye to such a beloved event, but it’s the right thing to do given the new opportunities our industry has to reach fans and partners.”

“There were fans who were invited to attend in the later years, but it really was about a marketing and business model for the industry and being able to provide the world with information about new products. Companies now have access to consumers and to business relations through a variety of means, including their own individual showcases.”

Stanley Pierre-Louis

Прикажувањата кои започнаа на Nintendo Direct – почнувајќи од 2011 година – ги заобиколуваат големите конвенции и одат директно до потрошувачите. Истиот формат го направија и PlayStation и Xbox.

E3 беше познат како најголемиот настан за игри секој јуни, во партнерство со најголемите компании за игри за да се открие сосема нов хардвер и софтвер. Сепак, шоуто се бореше да најде публика во последниве години и беше особено погодено од пандемијата COVID-19.

Geoff Keighley го креираше Summer Games Fest само поради оваа причина, за да продолжи историјатот на овие конвенции за игри. Преку лето ги имаме SGF а во зима TGA (The Game Awards).

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На 12 ноември, извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, сподели нов гејмплеј трејлер за Fable, долгоочекуваниот четврти дел од серијалот Fable, кој го развива студиото Playground Games. Иако возбудата околу играта останува голема, многу фанови ги споделија своите негативни реакции на интернет, што покажува дека ова би можело да биде уште едно контроверзно издание.

Fable треба да излезе на 23 февруари 2027 година. Играта се развива речиси една деценија, а првите информации за неа се појавија во 2018 година. Ова е првата игра од серијалот што не ја развива студиото Lionhead Studios, откако Microsoft го затвори во април 2016 година. Fable претставува обид за оживување на саканата франшиза создадена од Питер Молино и неговиот тим во Lionhead, кои ги објавија првите три игри од серијалот, добредојдени од критичарите, во периодот од 2004 до 2010 година.

Во Fable, играчите повторно ќе се вратат во земјата Албион и ќе ја преземат улогата на Херојот, но приказната нема да ја следи воспоставената временска линија на претходните игри од серијалот. Според најновиот трејлер, тоа нема да биде единствената разлика.

Трејлерот за Fable, објавен на 12 ноември, прикажува женски Херој кој ја следи трагата на жена по име Изабел, за која се тврди дека го нападнала нејзиното село и ги претворила жителите во камен. Протагонистката е придружувана од уште еден Херој, жена по име Арден (чиј глас го позајмува Сузан Вокома), која го отфрлила својот херојски повик и сега работи како чевларка. Заедно истражуваат дел од шумата, се борат против неколку немртви непријатели, а потоа откриваат мистериозна пештера во која се случуваат натприродни појави. Има многу одење и многу разговори. А целокупната атмосфера изгледа мрачно.

Првите три игри од серијалот Fable имаа свои мрачни моменти (се сеќавате ли на Tattered Spire во Fable 2?), но светот на Албион речиси секогаш изгледаше светло и шарено, дури и кога се обидуваше да ве убие. Серијалот беше инспириран од бајките, кои често ја комбинираат фантастиката со вознемирувачки елементи, давајќи им на игрите уникатен тон и атмосфера. Најновиот трејлер за новата Fable прикажува свет кој се откажал од фантастичните и разиграни елементи, задржувајќи ги само најмрачните делови од бајките (буквално, има многу малку бои).

Многу фанови го изразија своето незадоволство од прикажаните снимки. Дел од нив се пожалија дека трејлерот за „гејмплеј“ главно се состои од кинематографски сцени и ликови кои одат и разговараат, при што Арден служи како извор на претерано објаснување на приказната. Други коментари посочуваат дека играта премногу наликува на генеричка акциска RPG игра.

Трејлерот содржи и борбена секвенца во која се прикажани трите стилови на борба – блиска борба, борба од далечина и магија – меѓу кои играчите ќе можат слободно да се префрлаат. Некои корисници ја пофалија борбата прикажана во трејлерот, додека други се пожалија дека движењата изгледаат круто. Сепак, многу фанови едноставно се возбудени поради новата игра Fable и имаат големи очекувања од неа.

Генерално, најголемиот извор на несогласувања меѓу фановите е тоа што новата Fable има значително поинаков визуелен стил од претходните игри во серијалот. Иако по една деценија развој ваквата промена е разбирлива, факт е дека шарениот и впечатлив свет на Албион беше една од причините за успехот на франшизата. Треба да се напомене дека сцените прикажани во трејлерот се случуваат во шума изобличена од мрачни сили, додека претходниот трејлер изгледаше малку посветло. Fable треба да излезе на 23 февруари 2027 година за PlayStation 5, Windows PC и Xbox.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!