Аниме серијалот Cyberpunk: Edgerunners на CD Project Red доби нови трејлер и ново делче од серијата

Кога ќе помислите на CD Projekt Red и зборот Cyberpunk заедно, ќе добиете одредена мисла во вашата глава. Да, сите добиваме визии за тоа катастрофално лансирање. Сепак, сето ова би можело да се промени, бидејќи е откриен нов трејлер и некои бонус снимки од анимето Cyberpunk: Edgerunners, и изгледа прилично проклето неверојатно!

Трејлерот, преку Netflix, не дава многу во однос на ритамот на приказната, но секако ја поставува сцената. Има неон, има лутина, има многу експлозии и пукотници и, о, да, има мотори!

“The series tells a standalone, 10-episode story about a street kid trying to survive in Night City – a technology and body modification-obsessed city of the future,” the official blurb explains. Having everything to lose, he stays alive by becoming an edgerunner – a mercenary outlaw also known as a cyberpunk.”

Покрај овој трејлер, Netflix сподели и клип од шоуто, кој може да го погледнете подолу. Овде, бандата на серијата се соочува со озлогласената банда Maelstrom на Ноќниот град (нешто што V го прави во Cyberpunk 2077 за време на потрагата по главната приказна). Нема дијалог, но, без да ви расипе ништо пред да го гледате, момчето го прави тоа добро.

Cyberpunk: Edgerunners треба да излезе овој септември на Netflix. CD Project Red ја продуцира серијата заедно со Rafał Jaki. Во меѓувреме, оригиналната партитура ќе ја состави Akira Yamaoka од славната Silent Hill.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во последниве денови, една бизарна игра на Steam стана популарна – BANANA. Премисата на оваа игра е дека играчите кликаат на банана додека не заработат нови банани… Тоа е тоа… Да умре човек од кринџ! Но, има огромен пресврт во играта – луѓето периодично заработуваат случајни скинови (или овде може да се каже ‘кори’ од Банани) од различни реткости со кои можат да направат профит, продавајќи ги на Steam Market на други корисници…

Проблемот е во тоа што развивачот препознал дека огромното мнозинство од 700.000 врвни играчи снимени на Banana се ботови. Со оваа игра што користи „помалку од 1%“ од ресурсите на вашиот компјутер, луѓето поставуваат илјадници лажни профили за да ја водат оваа игра базирана на кликање со надеж дека ќе обезбедат и продаваат ретки скинови од банани, чиишто вредности брзо растат.

Од Бананче до Профитче

Во моментов, најскапите скинови (иако сакам да ги кажувам ‘Кори’ во овој случај) од банани што се продаваат на пазарот достигнаа повеќе од 1.000 долари, поради што се вклучуваат корисници со армии на ботови. Во интервју за медиумот Polygon, развивачот на играта призна дека станува збор за „легална грешка со глич за бесконечни пари“, а тимот размислуваше колку време ќе биде потребно пред Valve да се вклучи за да ја уништи играта.

Целата игра е вака:

  • Отворете ја Бананата
  • Кликајте на Бананата
  • Добивајте Дропови/Скинови
  • Тоа е тоа

Во интервјуто, развивачот потврди дека кога бројот на играчи бил 141.000, само една третина од тие играчи биле вистински. Останатите биле ботови. Додека повеќето корисници ги продаваат своите скинови од банани за едноцифрени центи, некои заработиле стотици долари преку играта. Исто така, развивачот го турка аспектот на играта за ангажирање во заедницата, нагласувајќи дека корисниците придонесуваат со своите дизајни, што на неодредено време го зголемува бројот на скинови од банани достапни за отклучување.

На Steam, Banana се рангира повисоко од Dota 2, PUBG, Apex Legends и GTA 5 во однос на вкупниот број на играчи, дури и ако повеќето од тие „играчи“ се ботови управувани од функциите за автоматско кликнување.

КЛИКАЈ

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!