Like a Dragon 8 е официјално Најавена

Like a Dragon 8 беше официјално најавена за време на денешниот RGG Summit со членовите на тимот за креирање и развој на играта.

Прикажан е краток трејлер кој ја открива Ichiban Kasuga, протагонистот на Yakuza: Like a Dragon и момчето од серијалот Kiryu Kazuma заедно како стојат во Kamurocho.

Ова е првото официјално откривање на Like a Dragon 8, по краткиот поглед виден во јули благодарение на видеото од внатрешноста на канцелариите на SEGA.

Во играта ќе се појават Ichiban и Kiryu како двојни протагонисти. Combat-от ќе го користи RPG системот воведен во Yakuza: Like a Dragon, при што и двајцата протагонисти наводно добиваат своја уникатна листа на движења и начни на борба. Според Masayoshi Yokoyama, шеф на студиото RGG, Kiryu ја сменил косата од причини кои засега не можат да се откријат. Без оглед на причините на Kiryu, сигурен сум дека вечниот стрес од справувањето со хиџин од јакуза не му прави никаква услуга на неговата нова коса.

Изгледа дека серијата Yakuza ќе го носи името Like a Dragon што оди напред во западните изданија.Like a Dragon: Ichiban! беше објавено синоќа на Sony’s State of Play.

Like a Dragon 8 моментално е поставена за објавување во 2024 година на PC, PlayStation и Xbox.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Доделувањето на наградите The Game Awards за 2026 година се приближува, а номинациите за овогодинешното издание ќе бидат објавени во вторник, на 17 ноември. Ова го потврди водителот и креатор на манифестацијата, Џеф Кили, кој во петокот најави дека номинираните ќе бидат откриени преку пренос во живо. Интересно е што објавата ќе се случи само два дена пред излегувањето на една од најочекуваните игри годинава, Grand Theft Auto 6.

Фановите ќе можат да го следат специјалниот пренос за номинациите на The Game Awards во вторник преку YouTube и Twitch. Водителот и извршен продуцент Џеф Кили ќе ги објави игрите, студијата и луѓето номинирани за овогодинешните награди, меѓу кои и оние за Игра на годината.

Кога ќе се одржи специјалниот пренос за номинациите на The Game Awards 2026?

Специјалниот пренос за номинациите на The Game Awards 2026 ќе се одржи во вторник, 17 ноември, со почеток во 9 часот наутро според пацифичкото време (PST), односно во 12 часот напладне според источноамериканското време (EST). Во изминатите години, Кили се погрижи овој специјален пренос да биде прилично ефикасен, па настанот обично трае околу 10 минути. Номинациите за Игра на годината традиционално се објавуваат на самиот крај.

Гласањето за наградите во кои одлучуваат фановите ќе започне веднаш по завршувањето на специјалниот пренос за номинациите на The Game Awards 2026.

Дали GTA 6 може да биде номинирана за The Game Awards 2026?

Да. Според официјалната веб-страница на The Game Awards, игрите што ги исполнуваат условите за овогодинешните главни награди „мора да бидат комерцијално достапни за купувачите најдоцна до петок, 20 ноември 2026 година, во 21 часот според пацифичкото време (PT)“. Grand Theft Auto 6 ќе го исполни овој услов, бидејќи официјалното излегување на играта е закажано за 19 ноември на PlayStation 5 и Xbox Series X.

Кога станува збор за категоријата Players’ Voice на The Game Awards, организаторите наведуваат дека игрите мора да бидат објавени најдоцна до 30 ноември 2026 година. Тоа значи дека доколку планирате да гласате за GTA 6, ќе имате доволно време да ја играте и да формирате мислење пред да го дадете својот глас.

Кога ќе се одржи The Game Awards 2026?

The Game Awards 2026 ќе се одржи во четврток, на 10 декември. Главната церемонија ќе започне во 16:30 часот според пацифичкото време (PST), односно во 19:30 часот според источноамериканското време (EST), вклучувајќи го и традиционалниот 30-минутен воведен дел пред главниот настан.

Овогодинешното издание на The Game Awards ќе се емитува на повеќе платформи од кога било досега. На долгата листа платформи на кои ќе може да се следи преносот ќе се приклучат Disney Plus, Live TV на PS5 и Roblox. Настанот ќе биде достапен и на YouTube, Twitch, Steam, TikTok Live, X, Kick, Facebook и Instagram Live.

Во Кина, церемонијата ќе се емитува на повеќе од 20 платформи, меѓу кои Baidu, Bilibili, Douyin, DouYu, Huya, WeChat, Weibo и Xiaohongshu. Дополнителни партнери се CHZZK и SOOP во Јужна Кореја, NicoNico во Јапонија, Vidio во Индонезија, Now TV во Хонгконг, mewatch во Сингапур, како и BIGO LIVE и Likee низ Југоисточна Азија.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!