Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Вестите за отпуштања во гејмерската индустрија продолжуваат да пристигнуваат, а во фокусот се и Id Software. Според извештаите, бројот на вработени на иконскиот FPS развивач е намален за половина, што ја влошува веќе тажната состојба.

Id Software самостојно го направи FPS жанрот она што е, благодарение на работата на франшизите DOOM, Wolfenstein, RAGE и Quake.

Но, дури и моќните можат да пропаднат, а дознавме дека талентираниот развивач го намалил својот персонал за дури 50%.

Беше објавено дека ќе бидат отпуштени приближно 3.200 работни места. Имаше значителен ефект пред и по сето ова, а една компанија која беше силно погодена е Id Software.

„Да, бев дел од тимот (приближно 50% од компанијата) што беше отпуштен денес. (Бев таму ПОВЕЌЕ од 20 години! RAGE преку DOOM: Dark Ages). Жално е, но го правам ова (видео игри) повеќе од 40 години, па затоа не е големо изненадување за мене. Навистина е тажно што вака Id Software, ПИОНЕРОТ/ИНОВАТОРОТ на FPS акциони игри, е сведен на само уште една „реорганизација“ на средствата.“

Мајкл Мејнард, сега поранешен виш програмер за системи за играње, работеше во Id 21 година и јавно коментираше за отпуштањата на LinkedIn:

Ова следува по неодамнешните извештаи дека ZeniMax беше погоден од отпуштањата на Xbox и ќе се фокусира на своите „Најголеми франшизи“.

Се чини дека работата продолжува за сите што се уште се во Id, бидејќи Wolfenstein 3 и ТВ-шоуто Wolfenstein се уште се во развој.

Така функционира светот: Запчаниците продолжуваат да се вртат, а тркалата продолжуваат да се вртат како ништо да не се случило.

Ако сакате да го поддржите Id, размислете да го погледнете новиот DLC на Revelations за DOOM: The Dark Ages.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!