Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На доделувањето на наградите за игри во 2025 година, беше објавено дека Mega Man на Capcom ќе се врати во претстојната игра Dual Override. Играта треба да излезе во 2027 година.

Сега, како дел од Gamescom Opening Night Live, беше прикажан првиот трејлер за гејмплејот за претстојниот наслов. Трејлерот го претстави еден од шефовите со кои ќе се сретнете, Twinkle Girl.

Twinkle Girl изгледа како она што би го добиле ако се обидете да ја ставите Хатсуне Мику во универзумот на Mega Man, но синиот бомбардер ја победува пред крајот на трејлерот.

Описот за трејлерот на YouTube, исто така, потврдува дека Mega Man не е сам во оваа авантура, бидејќи Proto Man ќе му се придружи за целата забава со платформи.

Mega Man ги надминува своите граници и се подготвува за нова авантура, но овој пат, тој не е сам! Proto Man му се придружува на Blue Bomber додека се справуваат со нови опасности во најновото дополнување на серијата Mega Man.

Роботите беснеат на изложбата на роботи во отсуство на д-р Лајт, а од Мегамен и Протомен зависи да се соочат со предизвикот и да го вратат мирот во градот. Прескокнете ги вашите граници и откријте ја вистината зад инцидентот!

Опремете се со нови прилагодени чипови за слободно менување и подобрување на вашите способности и ослободете огромна моќ за ограничено време со новиот систем за прескокнување! Користете ги овие способности за да се соочите со страшни непријатели низ обемни фази, вклучувајќи го и новооткриениот Мајстор за роботи, Твинкл Девојка!

Останете во тек за повеќе новости!

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!