Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Неодамна добивме толку многу интересни вести за The Witcher, од нови проширувања до ситници за The Witcher 4. Оваа вест не е толку добра бидејќи работата на The Witcher Remake е паузирана бидејќи The Witcher 4 има приоритет – некако.

Оригиналната најава за Witcher Remake е всушност пред четири години. Слушнавме дека The Witcher Remake е со отворен свет, што е одлично за љубителите на RPG, но како што подолго време поминува, многумина почнаа да се прашуваат каде е играта и зошто не сме слушнале многу.

The Witcher 4 и The Witcher 3: Songs of the Past се случуваат, но The Witcher Remake мора да се одложи некое време.

Преку GameSpot, контактирајќи се со CD Projekt Red, беше откриено дека развивачот на римејкот, Fool’s Theory, работи на тоа да му помогне на The Witcher 4 да се заврши, што ќе му овозможи на The Witcher Remake да продолжи со продукцијата.

Еве ја официјалната изјава дадена за GameSpot:

„Тимот на Fool’s Theory е фокусиран главно на развојот на Witcher 3: Songs of the Past, додека релативно мал дел од нивниот тим го поддржува развојот на The Witcher 4. Како што претходно објавивме, развојот на The Witcher Remake е привремено интегриран со The Witcher 4 поради зависности од процесот на производство.Бидејќи The Witcher Remake ќе биде изграден врз темелите поставени од The ​​Witcher 4, треба да ги имаме потребните средства, алатки и процеси подготвени за ефикасен развој.“

Значи, откако технологијата и темелите ќе бидат поставени од The ​​Witcher 4 и играта ќе биде готова, ТОГАШ развојот на The Witcher Remake може да продолжи. Не е јасно колку далеку беше во развојот The Witcher Remake или кога беше запрено производството, но откако The Witcher 4 ќе излезе, би требало да биде подготвен повторно.

Неверојатно, The Witcher 3 ги победи сите други игри во новите листи на желби за време на Gamescom. Разочарувачки е што нема да го добиеме римејкот за некое време, но сепак има многу нова содржина за Witcher за уживање во меѓувреме.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!