Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Нова игра во универзумот на FAR CRY ја помина својата фаза на концепција во Ubisoft и влезе во развој во Vantage Studios.

Новата игра доаѓа по проблемите околу друга игра на FAR CRY во развој, со кодно име Maverick, пукачка игра со екстракција која оттогаш е откажана.

Со кодно име Kodiak, новата игра на FAR CRY е опишана како FPS со отворен свет каде што „интеракциите на играчите и приказните водени од играчите се во центарот на вниманието“.

Kodiak ја помина својата фаза на концептуализација претходно овој месец и е изградена врз темелите на Maverick, но за среќа, серијата сега ќе го остави пазарот на пукачки игри со екстракција зад себе… Барем засега.

Играта е опишана како „навистина амбициозна“ од извори и е сè уште неколку години далеку од нејзиното објавување.

Blackbird, следната главна игра на FAR CRY, исто така се соочи со пречки за време на развојот и постојано беше одложувана интерно поради проблеми. Сепак, играта сега е на добар пат напред и ќе има и мултиплеер компонента, каде што повеќе од еден играч може да го искуси светот заедно.

Во интерно интервју во Vantage Studios со Чарли Гилемот, Гилемот го опиша Blackbird како „искрено импресивен“ и како „прв чин“, сугерирајќи дека се планирани неколку главни FAR CRY игри со слични концепти доколку Blackbird биде објавен на позитивен прием.

Кодијак е уште една игра во подготовка на Vantage Studios, помагајќи им на Assassin’s Creed, FAR CRY и Rainbow Six Siege да доминираат како доминантни IP-а со различни искуства за различна публика.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!