Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Moon Studios потврдија дека лансирањето на „No Rest for the Wicked 1.0“ е поместено од октомври оваа година до март 2027 година. Веста дојде директно од тимот за развој на Твитер.

No Rest for the Wicked е акциона рол-плеј игра која моментално е во ран пристап на Steam. И покрај тоа што е во ран пристап две години, играта успеа да ги воодушеви играчите ширум светот. Во февруари, тимот прослави продажба од 1,5 милиони примероци.

Порано ова лето, тимот објави дека го одложуваат објавувањето за Xbox конзолите поради проблеми со квалитетот во врска со лансирањето на моделот Series S. Сега, тие одлучија да го одложат целосното објавување и објаснија зошто на социјалните медиуми.

Во нивниот твит, тие велат дека иако се блиску, сакаат дополнително време за да се осигурат дека перформансите на играта и системот на класи се усовршени. Тие исто така велат дека дополнителното време значи дека повеќе бета тестови ќе дојдат во заедницата.

Иако нема официјален датум на издавање, тие потврдија дека пред-нарачките за PlayStation ќе започнат во јануари. Исто така, секој што ја купил играта на Steam пред 2027 година ќе добие награди од Founders Pack како бонус за благодарност.

Moon Studios беше познат пред објавувањето на овој ARPG за серијата Ori. Неодамна, директорот на Ori коментираше за гласините за Ori 3.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!