Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На „Sony State of Play“ од септември 2026 година беа прикажани многу игри и ексклузиви за PlayStation, но тешко е да се превиди колку е врвен и ладен новиот трејлер за „Until Dawn 2“.

За време на јунската презентација беше откриено дека „Until Dawn 2“ ќе излезе во 2027 година. Тоа е сосема нов запис во серијата и го усовршува карактеристичниот наративен хорор на жанрот. Подетално го разгледавме „Until Dawn 2“ за време на неодамнешната SOP од септември 2026 година, а можете да дознаете повеќе подолу… ако се осмелувате. „Until Dawn 2“ треба да излезе на 28 јануари 2027 година за PlayStation 5.

„Until Dawn“ е веројатно најдобрата од хорор игрите што донесуваат одлуки: Ликовите, негативецот(ците), местото, приказната. Сè едноставно се среди, а Supermassive Games се обиде да ја врати магијата со игрите од The ​​Dark Pictures Anthology, The Quarry, а тимот оттогаш продолжи понатаму.

Доаѓа Firesprite за да го предводи продолжението, а со Нил Њубон и другите во тимот, „Until Dawn 2“ се оформува како застрашувачка забава. Дознавме повеќе за време на новата емисија на Sony State of Play, а можете да проверите како се развива новата приказна во вториот трејлер.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!