Kyxsan: I Know a Guy… His Name Is Cacanito!

Откако Apeks го направија трансферот со Kyxsan, со кого за 6 месеци од кога заигра со нив завршија на 8мо место на светската табела на CS:GO (од предходен пад на 129 место), и стигнаа до полуфинале на Major-от, беше прашање на време кога некој од поголемите CS организации ќе се заинтересираат за некои од имињата од тој тим. Иако се надевавме на идеална ситуција дека нашиoт Kyxsan ќе рипне во најврвните и најголемите организации, сепак, таа шанса ја доби JL – Lustinas Lekavicius кој заигра за најлегендарниот тим во CS:GO, украинскиот NA’VI, рамо до рамо со еден од најлегендарните играчи што се појавиле во оваа игра, S1mple.

Ова ги остави Apeks во доста незавидна позиција да бараат замена за еден доста клучен играч кој придонесе доста за да се пласираат високо на големата сцена. Многу тимови кои преку ноќ постигнале ваков успех до сега, ја имале лошата судбина да ги снема од врвот, кога поголемите огранизации ќе почнат да грабаат по нивните играчи. Apeks се свесни за овој тренд, и знаеле дека не се имуни на таа судбина ако не најдат соодветно решение.

Одлуката беше донесена, и не можам да замислам како се одвивала нивната одлука за нивниот последен трансфер. Додека дискутирале имиња, можности, играчи, во еден момент  кога настанала тишина од загриженост за тоа кој им е следниот чекор, Kyxsan ја скршил тишината со најдобрите зборови:

I Know a Guy...

И кога сите го погледнале со зачудени фаци во стил што сака сега овој, запрашувајќи се за кого мисли, тој им одговорил

His name is Cacanito!

Мала ретроспектива…

За тие што не се запознаени (како што не биле запознаени и Аpeks), пред Kyxsan да напраи трансфер од Bluejays во Аpeks, Bluejays се состоеше со комплетно македонска екипа, составена од најдобрите македонски играчи во тој момент кои со тек на време се склопија заедно како тим. Имаше неколку промени своевремено, но од кога ја направија петoрката во која беа Aidkit, Dan1, stYleEeZ, Kyxsan и Cacanito, од нула стигнаа до топ30 тимови во светски рамки.

Во тој тим главна  звезда во придонес беше Cacanito

Иако среќата прво му се насмеа на Kyxsan, повеќето од нас кои го следевме овој наш тим, бевме убедени дека прво на Cacanito ќе му се насмее среќата за да заигра за некој поголем тим бидејќи се чувствуваше дека има потенцијал за нешто поголемо. Cacanito не е непознат и за многу поголеми играчи со кои се има соочувано секојдневно на FACEIT (главната платформа за играње на CS:GO). Има играно со многу од најголемите имиња, дури и S1mple, потенцијално најдобриот на сите времиња ги има изустено зборовите  “Кол дет гај Каканито!!! ОДМА!!!”.

Не верувам дека е далеку од вистината дека тежината на зборовите на Kyxsan имаат дадено потенцијална шанса на Cacanito да заигра за Apeks, но како и да е, шансата што му беше дадена ја оправда уште во периодот на адаптација. Иако стартот на оваа сезона на Apeks најдобро ќе се долови со реченицата “Not great, not terrible”, Cacanito во својот втор натпревар за Apeks успеа да направи “ACE” против голем и сериозен тим, тимот на Astralis.

STYKO, еден од соиграчите на Cacanito,и докажан играч во Apeks, даде изјава која внесува надеж дека гледаат на него долгорочно.

Like a gem hidden in the rocks” and isn’t sure why he wasn’t picked up before because his potential to become a tier 1 quality player is laying under the surface. Although adaptation to a new team undoubtedly comes with growing pains, integrating him has so far been a smooth process. 

Неговитге бројки не беа највисоки, но тоа е разбирливо во овој период каде што се “штимаат” со тимот, и ја рафинираат својата игра за следните големи турнири, кои во оваа класа на натпреварување не простуваат ниедна грешка.

Се надеваме дека Cacanito добро ќе се вклопи во Apeks, и дека ќе ни приложат многу забавни моменти заедно со Kyksan како што тоа го правеа во Bluejays. Се надевам дека Cacanito ќе блесне како што знае и како што сме навикнати да го гледаме, да му посакаме многу среќа, многу победи во иднина, и да продолжи на поплочување на патот за некои идни наши таленти во еспортот.

Со среќа Цацан! Со тебе сме сите!

Малку oФФ тОПИК…

Убаво е да се види дека Македонската професионална Еспорт сцена напредува со големи чекори напред, веќе имаме 5ца топ тиер играчи во светски рамки , покрај Kyksan и Cacanito во CS:GO тука се исто и Saksa во DOTA, како и Ерхан Јајовски заедно со Тимотеј Андоновски во возење на симулатори.

Покрај еспортистите имаме големи потенцијали кои напредуваат во самиот свет на гејм девелопмент, а некои од нив општо во светот на гејмнигот, некои од нив вредни за спомнување уште сега, а некои чекаме да го остварат својот потенцијал!

Како и да е, момци и девојќи, грабајте јако напред, верувајте во себе, потпрете се на подршката и можностите што ви ја даваат, ќе пишуваме и ќе читаме за вас во некоја наредна прилика.

 Го завршуваме ова четиво со зборовите на големиот Стив Џобс

STAY HUNGRY, STAY FOOLISH!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN