Првиот гејмплеј од Indiana Jones and The Great Circle

MachineGames конечно го претстави првиот гејмплеј од очекувата игра Indiana Jones and The Great Circle за време на Xbox Developer Direct. Поминаа повеќе од три години откако оваа игра беше претставена од страна на Bethesda, а сега конечно го имаме првиот поглед на играта на Индијана Џонс.

На крајот на краиштата, ова е игра од прво лице, за која некои играчи се надеваа дека нема да биде така… Дури и јас сум разочаран што е FPS… Без разлика, изгледа фантастично на прво гледање. Но сепак премногу добро изгледа гејмплејот и сите борби со непријателите кои што ги видовме во играта.

Покрај гејмплејот, откриено е дека играта ќе биде издадена во текот на 2024та година, некаде од прилика пред крајот.

Доктор Јонс! Спасувај!

Пред три години кога се откри играта, Тод Хауард изјави дека сака да направи игра за Индијана Џонсотсекогаш“ и дека MachineGames е најдоброто студио за оваа задача, при што Хауард истакна дека се огромно возбудени да го спојат овој проект.

Трејлерот може да се пофали со автентична саундтрак, и има сцени со хардкор борби засновани со боксови, интензивни борби со кучиња и тајни секвенци кои го водат играчот низ антички гробници и структури. Од Њујорк до Рим и од Африка до Хималаите, Indiana Jones and The Great Circle е врвна авантура.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Студиото FromSoftware го објави трејлерот за приказната за Elden Ring: Shadow of the Erdtree пред објавувањето на експанзијата на 21 јуни за сите достапни платформи.

Трејлерот, кој можете да го погледнете подолу, дава увид во патувањето на играчот додека се упатува во Земјата на сенките по налог на Empyrean Miquella.

Во овие чудни нови земји, играчите ги откриваат мрачните тајни на светот додека се среќаваат со други кои одат по стапките на Микела со задни намери“, се вели во описот на експанзијата.

Проширувањето ќе додаде ново оружје, вештини за оружје, опрема и магија за играчите, како и голем број нови непријатели. Додека ја истражувате новата област на Земјата на сенките, ќе можете „беспрекорно да патувате напред-назад“ помеѓу таму и земјите помеѓу.

Кога ќе излезе на 21 јуни, Shadow of the Erdtree ќе чини 39,99 долари. На играчите ќе им треба основната игра за да ја играат експанзијата.

По Shadow of the Erdtree, фановите на Elden Ring не треба да очекуваат да видат второ проширување за играта. Претседателката на FromSoftware, Хидетака Мијазаки, во едно неодамнешно интервју рече дека нема да има ништо друго објавено за Elden Ring. Сепак, сè уште постои потенцијал за продолжение некаде подолу.