Најдобрите аксесоари за PlayStation 5

Многумина мислат дека убавината завршува кога ќе се купи одредениот уред како например во овој случај конзочата PlayStation 5, и често пати се забораваат продуктите кои што можат да се купат посебно и се правени можеби од брендови кои што немаат поврзаност со големите компании како Sony.

За секоја конзола има голем број на опции кои што можат да се купат дополнително, и за сите кои што немаат идеја што тоа би можело да биде, припермив една листа на продукти. Разгледајте и направете си листа на што ќе ги потрошите парите во иднина

Станица за Полнење на Контролери

Станицата за полнењето на вашите контролери е дефинитивно нешто што треба да го имате за вашиот PlayStation 5 доколку имате 2 контролери. Станицата работи цело време, и буквално кога и да сакате да гејмате вашите контролери ќе бидат секогаш полни. Станицата ви спасува и време и нервози за прашањето дали можеби сте или не сте ги ставиле контролерите да се полнат. PlayStation продаваат своја лиценцирана станица, но можат да се најдат и многу различни кој што функционираат предобро. Но пак ќе кажам најдобро е DualSense™ Charging Station

Гејминг Слушалки

За целосно да се внесете во гејминг искуството можете да набавите сет од многу добри гејминг слушалки. Постојат многу буџетски гејминг слушалки од разни брендови и производители кои обезбедуваат добар квалитет на звук и комфор. Брендови како HyperX, Turtle Beach и SteelSeries нудат релативно ефтини опции. Но сепак доколку го сакате вистинското доживување најдобриот избор се PlayStation PULSE 3D™ Wireless Headset

Дополнителна меморија од Надворешен HDD или внатрешно SSD

Проширете ја 825 Гигабајтната внатрешна меморија на вашиот PS5 со надворешен хард-диск или SSD од некои од компаниите кои што прават официјални SSD за PlayStation 5 како например Wester Digital. Или можете тоа да го сторите со буквално сите други производи од различни брендови. Само уверете се дека е компатибилен со барањата на PS5, и можете значително да го зголемите просторот за игри без да отидете во банкрот.

Налепници и покривки за Контролерите

Налепници и силиконски покривки за контролер од третопартијски производители можат да бидат економичен начин за подобрување на зафатот и заштита на вашиот контролер DualSense. Со тоа што ќе го заштитите вашиот контролер му давате поголем животен век, но сепак има толку добри работи кои што ќе ви помогнат со тоа доколку ставите гумени покривки едноставно нема никогаш да ви се лизне контролерот од раце. На тие што брзо им се потат рацете ова мора да се купи! Дополнително нешто што одма се приметува поради Белата боја на контролерот, ИНСТАНТ се валка од важата кожа.

Торба за Носење

Ако планирате да патувате со вашиот PS5 или просто ви треба начин за носење, торби и ранци за носење од некои разни фирми се тоа што ви треба дефинитивно. Секогаш мора да барате и квалитетни од причина што се работи за многу тешка конзола!

Алатки за чистење од прашина

Одржувајте го вашиот PS5 чист и без прашина со алатки за чистење како микрофибер крпи, четки за чистење и алатки за дување на воздух.

Држачи за Контролери

Држачи за контролери кои се монтираат на ѕид или на маса се достапни буквално од секаде и од секоја фирма. Овие можат да ви помогнат да ги организирате контролерите и да ги направите достапни.

Панели за PlayStation 5

Персонализирајте го изгледот на вашиот PS5 со уникатни Панели кои што за буквално секунда се монтираат на конзолата. Од PlayStation се продаваат официјални Панели кои што се еднобојни, иако веќе започнаа и со уникатни скинови. Но сепак од третостранични производители можете да најдете маестрални дизајни за вашата конзола.

Волан за Игри со Возење

Иако контролерот кој што го дава PlayStation па и секоја друга конзола е специјално направено маестрално да работи за игрите со возење, сепак најдобриот начин за играње на било која игра што има возење или тркање, правиот избор е Волан! Овој аксесоар може да се најде и во многу евтини варијанти, но и нормално поскапи верзии. Поскапите верзии нудат повеќе можности, подобро реално искуство и ред други работи.

Држачи за вашите Игри

За да ги организирате вашите физички копии од игрите, најчесто ги ставате во кутии или само така ги ставате на некоја полица. Но најдобар начин за чување на вашите игри, нормални исправени се да се купат вакви ефтини држачи кои што мноу ви помагаат и при чување и при лесно земање на што и да сакате да играте.

Гејмерска Столица и биро за Гејминг

Кога ќе се каже конзола секогаш се мисли дека таа Мора да се уклучи во Деневната Соба пред големиот телевизор и само така да се игра. Но сепак сите забораваат дека многумина преферираат да играат на помал монитор на нивните бироа. Поради таа причина мора да се има главно удобна столица за подолги гејмерски искуства. И нормално мора да се има добро биро за да си издржува тежината доколку горе се стави и конзолата и мониторот и останатите периферии.

Гејмерска Фотеља

И како за крај дефинитивно најскапото нешто на оваа листа што е многу битно за секој Гејмер кој што сака да игра само на конзоли и да не си го оштети свото тело со виткање на рбет, врат или било што, пожелно е секој да има една убава Гејмерска Фотеља во домот. Овие работи имаат малку поголеми цени но навистина вредат за секој денар.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.