Новиот извештај откри дека следниот наслов на Call of Duty франшизата е Black Ops, и ќе биде поставен во Заливската војна “Gulf War“.
Првите гласини за поставување на војната во Заливот првпат се појавија во 2022 година по протекувањето на Call of Duty Mobile што го откри Lockheed F-117 Nighthawk, пензиониран американски авион, претставен во октомври 1983 година. Со тие инфомрации претходно оваа година, луѓето од Insider Gaming објавија дека Call of Duty 2024 е под кодното име Cerberus.
Новите детали од WindowsCentral наведуваат дека новата игра ќе биде сместена во Заливската војна, со силен фокус на ЦИА. Иако сè уште не е официјално потврдено, WindowsCentral посочува дека најверојатно следната игра ќе се вика „Black Ops: Gulf War“, што е името што Insider Gaming може да го потврди како наслов за следниот дел. Една од главните нови вести кои доаѓаат од извештајот се бонусите за преднарачка што Activision се надева дека ќе ги спроведе со следниот наслов. Според извештајот, Activision дури ја истражува идејата за неколкунеделен ран пристап до режимот Zombies. Во последните две рати, франшизата Call of Duty воведе еднонеделна кампања за ран пристап за купување пред нарачка.
Како што објави Твитер профилот CharlieINTEL, следниот наслов на Call of Duty ќе биде првиот што ќе има четиригодишен развојен циклус.