Интервју со Ведран Андонов – Македонскиот претставник на Европското Првенство во “Catan”

Најголемата продавница за Друштвени Игри и секаков вид на производи од делот на Поп Културата “Гоблин Друштвени Игри” на 20ти август оваа година го одржаа првото офицјиално државно првенствно во најголемата Друштвена Игра “Катан“.

Тоа државно првенство беше организирано благодарение на тоа што ќе се одреди најдобриот играч во “Катан” од Македонија кој ќе ја претставува државата на Европското Првенство кое се одржи Копенхаген на 28ми и 29ти октомври. Најдобриот играч од Македонија кој што воедно ја претставуваше нашата држава беше младичот Ведран Андонов кој што направи одлични успеси за Македонија во светот на друштвената игра Катан.

Благодарение на Државното првенство во Македонија, Ведран доби директно учество како претставник на Македонија на Европското првенство и дополнително покриени патни трошоци до самата држава и првенство.

Со Ведран направивме едно интервју каде што тој ни ги долови сите работи што се случија на самото Европско Првенство и колку е популарна Друштвената Игра “Катан“.

Ведран, дали може да ни раскажеш нешто за тебе? Кој си, што си, што работиш професионално и од каде ти е пасијата кон Друштвените Игри (Board Games)?

Моето име е Ведран Андонов, имам 28 години, роден и израснат во Скопје, вработен како консултант за животна средина и енергетска ефикасност во компанијата ЕкоМозаик од Скопје. Не би рекол дека имам некоја изразена пасија за board games, познавам луѓе кои се вистински фанатици за board games во права смисла на зборот и во споредба со нив би рекол дека сум само редовен играч на Board Games. Ги сакам друштвените игри затоа што мислам дека се одлична умствена гимнастика и се одличен повод за собиранка со друштво во опуштена домашна атмосфера.   

Легендите од Гоблин Друштвени Игри го организираа Првото Државно првенство во Катан каде што ти ја освои титулата за Државен Првак, но како ти дојде желба да се пријавиш на турнирот?

На турнирот во принцип не се ни пријавив затоа што бев скептик за играње на турнир со луѓе кои не ги познавам затоа што претходно имав играно само со свои блиску луѓе. Се погоди да играм на турнирот како замена, затоа што братот на еден од моите другари кои учествуваа на турнирот не можеше да присуствува, па јас го земав неговото место и како замена успеав да победам и со тоа да ја претставувам Македонија на Европското првенство во CATAN.

Каде точно се одржуваше Европското Првенство и каква атмосфера имаше тие неколку дена додека беше таму?

Европското првенство во CATAN се одржа во Копенхаген, Данска во најголемиот Board Game кафич во Европа – Bastard Café. Кафичот е стварно лудница, поделен на неколку нивоа со преку 5000 друштвени игри, од кои дел се бесплатни за играње, а за одредени потребно е да се плати одредена сума за да се играат.

Атмосферата во самиот локал беше одлична! Иако Европското првенство се одржуваше на вториот кат во просторија која претпоставувам дека е наменета токму за вакви настани – турнири, на првиот кат имаше преку 150 луѓе кои играа најразлични игри, од шах па до игри кои прв пат ги гледам. Бидејќи Европското почнуваше рано сабајле кога кафичот беше празен и се уште не беше официјално отворен, видов дека на сите маси имаше ливчиња за резервации, а кога се симнав доле после само саат ипол-два буквално сите маси беа пополнети со луѓе кои се дружеа, јадеа, пиеја и си го користеа саботното претпладне да изиграат некоја партија од својот омилен board game. За секој кој е барем малку заинтересиран за друштвени игри топло препорачувам да го посети Bastard Café доколку се најде во Копенхаген.

Колкава екипа отидовте? Иако за играње бевте само вие, сепак со вас земавте и морална подршка? Какво искуство добија сите што беа со вас?

Во Копенхаген бевме вкупно 10 луѓе – Јас, Тијана, Фики, Олег, Трајче, Маја, Тамара, Мила и Стефан стигнавме од Скопје, а братучед ми Бодан стигна неколку саати пред нас од Берлин. Уште во август/септември начекавме ептен евтини повратни карти за околу 20 евра и некако спонтано и еуфорично испадна да се собереме волкава екипа. Премногу ми е мило и сум им ептен благодарен што без трошка размислување се решија да одвојат време и финансии да ме придружуваат на настанот. Направија маички со CATAN тематика кои мене лично ми беа еден од главните highlights на проводот и се нешто кое што ќе го чувам до крај на живот и верувам дека ќе ми буди само убави спомени. Беа присутни скоро цел ден во саботата на турнирот и ми беа морална поддршка низ сите четири партии. Штета што не смееше да ми помагаат од страна, затоа што мислам дека нивната помош добро ќе ми дојдеше во одредени моменти.

Убеден сум дека целото искуство овие 3-4 дена во Копенхаген ќе беше тотално различно доколку бев сам. Битно ми беше да остварам најдобар можен резултат, но подеднакво битно ми беше и да се дружиме и да имаме патување кое ќе го памтиме и раскажуваме уште долго. Добар пласман не постигнав, ама затоа надокнадивме со беспрекорна дружба хахаха.

Кој беше вашиот најнезаборавен момент или рунда од првенството? Дали би можеле да ни ги пренесете клучните одлуки и стратегии што ги користевте на тој конкретен натпревар?

Јас изиграв вкупно 4 партии, кои беа прелиминарни, преку кои играчите со најдобар резултат од четирите партии продолжија понатаму во 1/8 финале. Не можам да издвојам некој незаборавен момент, но како најдобар момент би ја издвоил првата партија која ја победив и преку која можам да се пофалам дека имам победа на Европско првенство 😀 За жал првата партија беше единствената партија која ја победив, за на крај да завршам со една победа, едно второ место и две последни места, за конечен пласман – 32ро место до 45 учесници.

На турнирот дополнителен елемент на стратегија имаше со тоа што стартните позиции не се одредуваа преку фрлање коцки, туку секој имаше различен реден број (од 1 до 4) за секоја маса и во зависност од кој реден број си, бираш од која позиција ќе стартуваш на конкретната партија, секако откако ќе го видиш setup-от. На пример ако си реден број 1, прв бираш од која позиција сакаш да почнеш партијата, секако врз основа на опциите кои ги имаш на масата. Доколку можеш да предвидиш кој кои позиции ќе ги одбере, со самиот избор на позиција уште во старт можеш да имаш предност пред другите, но сепак на крајот од денот во CATAN апсолутно ништо не е загарантирано.

Кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте за време на турнирот и како ги надминавте?

Во третата партија имаше многу спорна ситуација, во која еден од играчите изигра Road Builder со многу оштетена и изгужвана картичка, која понатаму во партијата се испостави дека најверојатно воопшто не ни припаѓаше во шпилот, затоа што се извлекоа уште две дополнителни картички со Road Builder, вкупно три, а во шпилот може да има само две такви картички. Не сум човек кој сака да покажува со прст кон луѓе, особено за непроверени ситуации, но за оваа конкретна ситуација сум длабоко убеден дека беше неправедна и дека играчот ја извади картичката од џеб/под ракав. На крај ја победи партијата и тоа со најдолг пат (oh the irony) и влезе во полуфинале. Откако заврши партијата се побунивме кај судиите во неколку наврати и ја образложивме ситуацијата, но за жал не се презема ништо што мене искрено ме разочара, затоа што беше преочигледно која од трите Road Builder картички не припаѓаа во шпилот.

Катан е игра со одреден степен на среќа поврзана поради фрлањето коцки. Како ја прилагодувате вашата стратегија кога ќе се соочите со неповолна среќа?

CATAN е дефинитивно игра за која е потребна среќа, почнувајќи од стартна позиција, бројките кои ќе се свртат, правецот кој другите играчи ќе го одберат и слично. Многу често во оваа игра си заложник на сопствениот првичен setup, кој ако не се избере правилно драстично ги намалува шансите за добар резултат. Во последната партија направив лоша проценка и се излакомив за една позиција на масата, ми беше пресечен патот уште во втор круг и за жал тоа беше почетокот на крајот за мене и колку и среќа да имав пак немаше да бидам во позиција да имам добар пласман. Како безбедносен механизам во најголем дел од партиите го бирам OWS setup-от (Ore-Wheat-Sheep), за ако ништо друго да бидам во позиција да купувам и играм development cards, но сепак development cards сами по себе не се рецепт за победа, особено ако сите играчи на масата имаат слична стратегија. На пример во две од четирите партии се истрошија сите development cards и потребно е да имаш добар setup за да можеш со devs да ја направиш разликата.

Имаше ли некои конкретни противници или моменти кои се истакнаа како особено предизвикувачки или интересни за време на турнирот?

Од противниците против кои играв не можам да кажам дека некој значително се издвои во квалитет или стратегија, но приметив дека секој си има свој reasoning во глава за потезите кои ги прави. Ми се допаѓаше што за време на партиите активно се зборуваше меѓу играчите за тоа која е најдобрата стратегија за партијата да трае што е можно подолго, што верувам дека е правилен пристап кон играта.

Катан има силна заедница на играчи. Како вашето учество на првенството влијаеше на вашето вклучување во заедницата Катан, како на локално така и на меѓународно ниво?

По тоа што го видов на Европското првенство само ми се потврди дека CATAN е глобален бренд и дека е една од најшироко распространетите board games во светот. Запознав многу луѓе од различни држави, различни возрасни групи и сите имаа едно заедничко нешто– љубов спрема CATAN. Дел од луѓето со кои се запознав активно ја играат играта веќе 20-тина години и веќе имаат учествувано на различни европски, светски и локални турнири, а како контраст на тоа во финалето настапи Латвиец кој имаше само 16 години и беше најмладиот играч на Европското. Дополнително се запознав и со луѓе кои во своите држави организираат турнири за различни board games и се вистински OGs во board game светот.

Можете ли да споделите какви претстојни планови или цели имате после учеството на ова Европско Првенство?

План после Европсково првенство ми е да продолжам да се собирам со екипата и да играме CATAN! Верувам дека дечките од Гоблин повторно ќе организираат државно првенство па затоа до тогаш мора да се одржува формата хахаха. Се надевам дека следниот претставник од Македонија на идни европски и светски натпреварувања ќе успее да избори уште подобар пласман и да ја претстави македонската board game заедница во најдобро светло!

Некој предлог, некоја мотивација или било што за сите што сакаат да бидат дел од оваа заедница или индустрија?

За тие што се уште не се дел од board game заедницата би им препорачал да дадат шанса на било која игра која сметаат дека нив би им одговарала, а на тие што се редовни играчи на board games би ги охрабрил и понатаму активно да ја одржуваат и буткаат напред board game културата во Македонија! Гледам многу луѓе кои се константно активни и организираат настани и ја шират културата и искрено верувам дека имаме многу спремни и искусни луѓе кои еден ден би можеле да организираат настан во европски или светски рамки, како на пример Европско или Светско првенство во CATAN во Македонија.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.