Кои се следните Super Mario игри

Значаен и доста познат инсајдер на Nintendo изјави дека повеќе игри поврзани со серијалот на Super Mario треба да бидат објавени во иднина. Во овој момент, голем дел од она што Nintendo го развива со своите First Party студиа се чува скриено. Надвор од The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom и Pikmin 4, многу фанови на Nintendo не знаат што да очекуваат од издавачот во иднина. Меѓутоа, кога станува збор за главната маскота на Nintendo – Mario, изгледа дека Италијанскиот Водоводџија наскоро се враќа во многу нови наслови (па и стари).

Доаѓајќи од инсајдерот – Zippo, кој имаше неколку прецизни погодувања во минатото во однос на Nintendo, изјави дека во моментов се работи на неколку различни игри на Mario. За почеток, Zippo тврди дека нова, 2D игра на Super Mario Bros. е во подготовка и ќе биде објавена во одреден момент во блиска иднина. Дополнителни детали за оваа игра не беа дадени, но слушнавме претходни извештаи и гласини во минатото кои наведоа слични информации.

Надвор од ова, исто така се вели дека ќе биде објавена нова спортска игра со Mario и најверојатно ќе биде поврзана со бејзбол. Во истиот тој правец, наводно доаѓа и нова игра со Mario & Sonic on the Olympics, и ќе започне во тандем со Летните игри во 2024 година. Конечно, и можеби најзначајно, ремастерот на класичниот GameCube RPG Paper Mario: The Thousand-Year Door е веќе завршен и веројатно треба да дојде на Switch наскоро.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN