TETRIS – Игран Филм за историјата на Играта

Ни го претставен првиот трејлер за претстојниот филм TETRIS. Во овој момент пред се благодарение на успехот на The Last of Us на HBO, адаптациите на видео игрите стануваат жешката нова работа во светот на ТВ и филмот. И додека има голем број претстојни проекти поврзани со игри кои ќе бараат директно да го приспособат изворниот материјал, Tetris наместо тоа оди во многу поинаква насока.

Наместо да се центрира околу еден куп антропоморфни блокови, Тетрис ја раскажува приказната за тоа како настанала една од најголемите видео игри во светот. Taron Egerton глуми во филмот како Henk Rogers, кој е бизнисмен кој на крајот го открива тетрисот и сака да ја направи играта светски хит. Меѓутоа, бидејќи Тетрис е создаден од рускиот програмер Алексеј Пајитнов, Роџерс мора да научи како да најде начин да склучи договор со Советскиот Сојуз во текот на бурниот период во светската историја. Резултатот води до тоа Роџерс да биде зафатен во ситуација која е многу посложена и многу поопасна отколку што можел да очекува.

Новиот трејлер можете да го погледнете во видеото подолу:

“Taron Egerton stars in a new Apple Original Film inspired by the true story of how one man risked his life to outsmart the KGB and turn Tetris into a worldwide sensation. Based on the true story of American video game salesman Henk Rogers (Taron Egerton) and his discovery of Tetris in 1988. When he sets out to bring the game to the world, he enters a dangerous web of lies and corruption behind the Iron Curtain.”

Официјалната најава за филмот од Apple

Иако првиот трејлер за Тетрис штотуку беше претставен денеска, самиот филм треба да пристигне неверојатно наскоро. Тетрис ќе излезе следниот месец на 31 март и ќе биде достапен за гледање исклучиво преку Apple TV+.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!