XBOX & Bethesda закажаа Games Showcase кој ќе се одржи во јуни

Starfield!? Elder Scrolls VI!? Indiana Jones!? Hellblade!?

Microsoft најави нов XBOX и Bethesda Games Games Showcase закажан 12ти јуни во 19:00

The showcase ќе биде достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи YouTube, Twitch, Twitter, Facebook и TikTok.

Иако нема тотално ништо најавено за настанот за сега за што да очекуваме, ние можеме само да претпоставиме што ќе видиме на настанот. Иако со тек на време ќе започнат сите протекувања за кои игри и останати работи ќе ги видиме таму. Но до јуни има доволно време да си почекаме и да се стрпиме.

Што да очекуваме на овој Games Showcase?

Starfield

Starfield

Ова е игра што треба да ја замени малку The Elder Scrolls, односно треба да биде тоа но во вселената и да е целосно футуристична. Играта излегува оваа година, 11.11.2022, а од играта скоро и ништо да не знаеме за сега. Често ја промовираат, но сепак им фали некоја подобра промоција. Во месеците што следат дефинитивно ќе биде утепана од промовирање што е добро.

The Elder Scrolls VI

The Elder Scrolls VI

За ова не треба ни да се збори многу. Сите чекаме барем малку повеќе новости за оваа игра како во пекара топол леб. Веројатно повторно нема да добиеме ништо за оваа игра, далеку е од објавување, но сепак… Todd Howard… Те молиме да видиме нешто повеќе!

Indiana Jones

Indiana Jones

Како и The Elder Scrolls VI исто и оваа игра е многу далеку и ќе треба уште долго време додека ја видиме и играме. Ова е океј бидејќи играва е тазе претставена на светот, но сепак би можеле да добиеме некое трејлерче да знаеме на што не спремаат.

Hellblade 2

Hellblade 2

Hellblade е игра која што кога излезе доминираше иако беше многу ставена во сенките на многу игри. Првиот дел беше толку добар што премногу фанови бараа втор дел и очигледно не треба да чекаат премногу да го видат вториот дел кој што личи неверојатно

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN