Troy Baker е следниот Indiana Jones во Игрите

Indiana Jones and The Great Circle официјално беше откриени од MachineGames за време на изложбата на Xbox Developer Direct.

Набргу потоа, беше потврдено дека познатиот актер Трој Бејкер ќе го дава гласот на насловниот лик! Ова беше одма приметено од страна на голем број гејмери бидејќи знаеа за кого се работи уште веднаш!

Во објавата на Entertainment Weekly која ја потврди веста, беше откриено дека Трој Бејкер, исто така, обезбедил изведби за снимање на движење за ликот – за што плодниот актер во никој случај не е непознат!

Од Joel накај Indiana Jones

Трој Бејкер е еден од најпопуларните и најпознати актери во оваа индустрија, кој се појави како главни ликови во наслови како The Last of Us, Shadow of Mordor, Saints Row IV, BioShock Infinite, Fort Solis, Far Cry 4 и безброј други продукции.

Неговата кариера трае триесет години, а сега тој ги позајмува своите вокални таленти на Indiana Jones во The Great Circle. Откриено денес, беше потврдено дека Indiana Jones and The Great Circle ќе бидат објавени подоцна во 2024 година, за што прецизно известувавме минатата недела.

Во трејлерот, беше откриена епска авантура со глобатизам, при што играчите ја преземаа контролата на Инди од перспектива на прво лице, решавајќи загатки и влегувајќи во интензивни борби против непријателите на земја… па и во воздух.

Indiana Jones and The Great Circle имаат солидна актерска екипа и изгледа автентично. Неизбежно ќе видиме многу повеќе во последователните откритија пред објавувањето на играта оваа година.

МАРКЕТИНГ

Се чини дека „Kratos“ за малку ќе станел бог на едно сосема поинакво царство: пицата. Креаторот на God of War, Дејвид Џафе, откри на X дека Кратос првично се викал „Dominus“, сè додека непрекинатите шеги за Domino’s Pizza не го натерале да се предомисли.

„Доминус звучеше брутално, насилно и доминантно“, рече Џафе. „Едноставно го обожавав тоа име. Мислев дека е одлично. Но, потоа нешто почна да се случува во студиото. Луѓето од тимот почнаа да прават шеги за Domino’s Pizza. Секојпат кога некој ќе го кажеше Доминус, некој неизбежно ќе извикаше ‘30 минути или бесплатно’ или ‘Отвори ја вратата, Доминус е тука’, или ќе почнеше да зборува за проклетиот Noid. По околу 50-тиот пат, сè беше јасно. Доминус беше мртов.“ Вреди да се напомене дека Доминус не е грчко, туку римско име, изведено од латинскиот збор за „господар“ или „владетел“.

Џафе продолжи да објаснува дека некој му испечатил огромен список со старогрчки машки имиња за да ги разгледа, но ниту едно од имињата што ги избрал не се задржало. Во тој момент, Сузан Панико, раководителката на маркетингот на играта, го предложила името Кратос, кое му се допаднало на тимот. Џафе подоцна сфатил дека Кратос бил на оригиналниот список со имиња, но дека целосно го пропуштил. „Претпоставувам дека ова покажува колку успехот во игрите зависи од среќата и вистинскиот момент, а во овој случај и од маркетингот.“ На старогрчки, kratos значи „моќ“ или „сила“, па затоа името прилично добро му прилегало на главниот лик.

Откако оригиналната God of War дебитираше во 2005 година, серијалот прерасна во една од најголемите франшизи на Sony. Првите четири главни игри, како и неколку добро прифатени наслови за PSP, беа сместени во грчката митологија, пред играта God of War од 2018 година да го освежи серијалот и да го однесе Кратос во нордиската митологија, каде што научи да биде малку помалку карикатурално убиствено чудовиште во човечка форма.

Што следува за серијалот God of War?

Следната игра од серијалот God of War е God of War: Laufey, уште еден наслов сместен во нордиската митологија. Ова ќе биде првата игра во серијалот во која Кратос нема да биде главниот лик. Наместо тоа, приказната ќе ја следи Феј додека се бори низ задгробниот живот за да ги спаси Кратос и нивниот син Атреј. Играта треба да излезе на 16 февруари 2027 година.

Откако Laufey предизвика „контроверзии“ затоа што главниот лик е жена, Santa Monica Studio јасно стави до знаење дека Кратос ќе се врати како главен лик во сè уште неименуваното продолжение. Претходно оваа година, студиото потврди дека се подготвуваат и римејкови на првите три игри од серијалот. На Prime Video се подготвува и телевизиска серија заснована на God of War од 2018 година, при што Дејв Батиста ќе го глуми Кратос. Повеќе од 20 години подоцна, богот на војната сè уште е во полна сила.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!