Senua’s Saga: Hellblade 2 пристигнува на 21ви мај

XBOX штотуку откри нов трејлер за игра Senua’s Saga: Hellblade 2 на денешниот Xbox Developer Direct, како и датумот на објавување на играта – 21 мај 2024 година.

Сепак, Ninja Theory не откри многу детали за самата приказна. Дури и страницата на Steam на играта остана неочекувано празна. За среќа, денешниот Developer Direct покажува повеќе од Hellblade 2. Се проширува на претходните трејлери, сега малку и гејмплеј, што ја прави играта малку појасна.

Ninja Theory, кои се девелопери на оригиналниот хит Hellblade од 2017 година, се вратија да работи на продолжението со издавачката куќа Xbox Game Studios. Hellblade: Senua’s Sacrifice беше моќно, брутално искуство водено од мрдната приказна. Ја спојува културата и митологијата од ерата на Викинзите со хорор елементи.

Исто така, имаше иконски изведби од актерите, а Мелина Јургенс дури и ја освои наградата за најдобрата изведба на The Game Awards за улогта на Senua. Оригиналната Hellblade продолжува да одржува „многу позитивни“ критики на Steam, години по лансирањето. Значи, очекувањата на фановите се големи за Hellblade 2, кој ќе продолжи со следното поглавје од приказната на Senua.

Senua

Продолжението веќе заработи рејтинг R 18+ во Австралија, така што играчите веројатно може да очекуваат исто ниво на интензитет.

Senua’s Saga: Hellblade 2 нема да има Физичка Верзија, само Дигитално

XBOX објави дека Senua’s Saga: Hellblade 2 нема да има физичко издание, туку компанијата и девелоперите Ninja Theory се одлучиле за лансирање само за дигитално. Откритието дојде преку блог на Xbox Wire по Xbox Developer Direct.

„Senua’s Saga: Hellblade II ќе биде игра направена од срце – игра слична по должина на првата Hellblade, со фокусирана наративност, и ќе се продава само Дигитално за $49.99“.

Официјална изјава од извршниот директор на Ninja Theory, Дом Метјуз

Цената од 50 долари за играта, Метјуз изјавди дека е одраз на пократката должина на приказната на играта во споредба со другите слични наслови. Беше споменато дека играта ќе биде слична по должина на Hellblade: Senua’s Sacrifice, што треба да трае околу девет часа за да заврши сè во играта.

Со оглед на тоа што беше само дигитално лансирање, оригиналната игра беше исто така дигитална само пред да биде објавена физичка копија една година подоцна. Издавањето на Hellblade 2 што е дигитално доаѓа само во време кога играчите се позагрижени за сопственоста на играта од кога било досега.

Неодамна, директорот за претплати на Ubisoft, Филип Трембли, изјави дека играчите треба „да се чувствуваат удобно бидејќи не ги поседуваат повеќе нивните игри така магично“.

МАРКЕТИНГ

Xbox сака повеќе содржини од Fallout, а по повеќегодишниот недостиг од нови игри, Bethesda Softworks планира да го исполни тоа барање. Bethesda планира да објави ремастерирани верзии на Fallout 3 и Fallout: New Vegas за современите платформи, соопшти компанијата во јули, како дел од големата најава за идните планови на студиото. Ремастерите се дел од поширок план за повторно инвестирање во игрите од серијалот Fallout — меѓу кои е и Fallout 5, кој моментално е во претпродукција — како и нов, сè уште неименуван проект на Obsidian Entertainment.

„Во моментов активно работиме на повеќе проекти од Fallout“, соопшти Bethesda во официјално соопштение ова лето. Меѓу нив е и Fallout 5, опишан како „долгорочна цел“ на студиото, како и „голема експанзија за Fallout 76“, планирана за 2027 година под името Raven Rock, која ќе претставува приказна што хронолошки му претходи на Fallout 3.

Bethesda потврди и две долгогодишни шпекулации, најавувајќи ремастери за Fallout 3 и Fallout: New Vegas. Студиото не објави дополнителни детали ниту период кога би требало да излезат игрите, но, според извештаите, на проектите се работи веќе многу години. Информациите за постоењето на ремастер на Fallout 3 датираат најмалку од 2020 година, кога проектот беше откриен преку судски документи поврзани со постапката на Федералната трговска комисија на САД (FTC) во врска со преземањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft.

Класичните игри од Fallout се враќаат

Ремастерите на Fallout 3 и Fallout: New Vegas доаѓаат по минатогодишното објавување на The Elder Scrolls 4: Oblivion Remastered, игра развиена заеднички од Virtuos и Bethesda Game Studios. Bethesda во 2025 година одбележа и 10 години од излегувањето на Fallout 4, со објавувањето на Fallout 4: Anniversary Edition. Новото издание ја вклучуваше оригиналната игра, сите шест претходно објавени додатоци со дополнителна содржина (DLC), како и повеќе од 150 предмети преземени од Creation Club за Fallout 4.

Fallout 3 првично беше објавена во 2008 година за PlayStation 3, Windows PC и Xbox 360. Играта е третото главно продолжение во серијалот Fallout и првата што ја разви Bethesda, откако ги купи правата за франшизата од Interplay Entertainment. Дејството во Fallout 3 се одвива во Вашингтон и неговата околина, 200 години по разорната нуклеарна војна, а играчите ја преземаат улогата на 19-годишен жител на трезор, кој го бара својот исчезнат татко.

Fallout: New Vegas следеше во 2010 година, а ја разви Obsidian Entertainment. Дејството е сместено во пустината Мохаве, а играчите ја преземаат улогата на курир кој се вмешува во конфликт меѓу различни фракции што се борат за контрола врз регионот.

Покрај новите игри од Fallout, во тек е подготовката на третата сезона од телевизиската серија Fallout, чие снимање неодамна заврши. Bethesda Game Studios истовремено интензивно работи и на следната игра од својата фантастична RPG-серија: The Elder Scrolls 6: Sentinel е веќе во развој.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!