Новата Perfect Dark е Римејк на Првата игра

Не сме слушнале ништо ново за новата Perfect Dark игра од студиото на Microsoft – The Initiative речиси од нејзиното објавување на крајот на 2020 година. Заедно со најавниот трејлер, кој не беше баш најјасен, овие две и пол години само дознавме дека е ангажиран е развојниот тим на Crystal Dynamics да помогне во развојот на играта, кој во меѓувреме се пресели од Square Enix во Embracer Group. И додека со право очекуваме дека Microsoft ќе ја претстави играта подетално на почетокот на јуни на својот Xbox Showcase, неколку нови, иако неофицијални, детали ни доаѓаат преку LinkedIn.

Судејќи според информациите што будните очи на ResetEra од Reddit ги забележаа на профилот на LinkedIn на Tyler Thornock, технички аниматор на студиото The Initiative, новата Perfect Dark всушност нема да биде рестартирање, како што сугерираа претходните информации, туку може да биде еден вид римејк на оригиналната игра. Оригиналниот Perfect Dark беше развиен од Rare во 2000 година исклучиво за Nintendo 64, а две години подоцна Microsoft ја доби франшизата откако ги купи Rare. Ова партнерство резултираше со објавување на приквелот Perfect Dark Zero, кој се појави на конзолите Xbox 360 во 2005 година, и ремастерот на оригиналната игра објавен во 2010 година.

Цели 10 години подоцна, новата игра беше најавена за време на The Game Awards 2020 како прв наслов на новоформираното студио на Microsoft – The Initiative. Но, после тоа настана целосен медиумски молк. Дали новата Perfect Dark ќе биде меѓу игрите што ќе бидат претставени за време на Xbox Showcase на 11 јуни, останува да видиме… Сигурно ќе биде бидејќи започнаа многу новости околу неа.

МАРКЕТИНГ

На 21 октомври, EA објави дека го затвора омиленото гејминг-студио BioWare и го откажува новото продолжение на серијалот Mass Effect. Веста предизвика голем шок, по што се појавија теории дека студиото било затворено поради притисок од Саудискиот јавен инвестициски фонд (PIF), кој неодамна ја презеде EA. Според пишувањето на Bloomberg, сега ја знаеме главната причина поради која издавачот го затвори BioWare: „Војна на ѕвездите“.

Според новинарот Џејсон Шрајер, EA неодамна добила можност да соработува со Lucasfilm на Walt Disney Co. на трета игра од серијалот Star Wars Battlefront. Додека раководителите на EA го разгледувале претстојното портфолио на издавачот, сфатиле дека имаат два научнофантастични акциски проекти за кои се предвидувало дека ќе чинат стотици милиони долари. Компанијата веќе се соочувала со огромен финансиски притисок по преземањето во вредност од 55 милијарди долари од страна на PIF. Сметајќи дека играта Mass Effect потенцијално би можела да се натпреварува со Star Wars, тие одлучиле да го затворат BioWare.

Иако развојот на Star Wars Battlefront 3 сè уште не е започнат, раководителите на EA ја сметале оваа игра за финансиски помалку ризичен од двата проекти. Со оглед на тоа што EA првично го купи BioWare делумно и поради серијалот Star Wars: Knights of the Old Republic на студиото, веста носи и одредена тажна иронија.

Портпарол на EA во соопштение изјавил дека компанијата „колективно ја донела оваа одлука по повеќемесечно планирање, разгледување и анализа, вклучително и внимателно разгледување на променливите деловни услови, динамиката во индустријата и нашите долгорочни приоритети“.

Што друго придонесе за затворањето?

Иако договорот за Star Wars бил пресудниот момент, Шрајер посочува и други фактори што довеле до затворањето на BioWare. Последната игра на студиото, Dragon Age: Veilguard, остварила 50 отсто помала продажба од очекуваната. Пред неа, Mass Effect: Andromeda од 2017 година наиде на прилично лош прием, а Anthem од 2019 година беше оценета како неуспешен проект во моделот на игри со постојана услуга. Пропаѓањето на BioWare беше бавно и долготрајно, при што EA постепено го намалувала бројот на вработени, сè додека не останале само 50 лица кога студиото беше затворено минатата недела.

EA со децении е критикувана поради начинот на кој управува со студијата што ги презема. Компанијата купи, а потоа затвори бројни омилени развивачи, меѓу кои Westwood (Command & Conquer), Origin (Ultima, Wing Commander), Pandemic (Star Wars Battlefront, Destroy All Humans), Black Box Games (Skate) и Visceral (Dead Space).

Набргу по затворањето на BioWare, поранешни вработени изјавија дека EA извршила притисок врз компанијата да отстрани знаме што се сметало за поддршка на правата на ЛГБТК+ заедницата од играта Mass Effect Universe, која била во развој. BioWare одамна е познат по инклузивното претставување во своите игри, нешто за кое некои шпекулираат дека можело да се најде на удар поради новата саудиска поддршка на EA.

Масовни отпуштања низ гејминг-индустријата

2026 година е уште една брутална година за индустријата за видеоигри. Додека буџетите за игри продолжуваат да растат, големите издавачи сè повеќе се фокусираат на постојните мегасеријали, оставајќи речиси сè друго настрана. Xbox започна „големо реструктурирање“ во јули, кое во наредните месеци ќе резултира со околу 3.200 отпуштања. Компанијата ги прекина врските со голем број свои познати студија, меѓу кои Ninja Theory, Double Fine, Undead Labs и Compulsion Games. Во меѓувреме, го стави Obsidian под раководство на Bethesda за да работи на игрите Fallout, а развојот на Halo му го довери на Activision, продуцентот на Call of Duty. Кога станува збор за индустријата на ААА-игри, очекувајте уште помалку оригинални идеи и повеќе продолженија засновани на познати брендови.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!