Microsoft го уништи поимот Ексклузиви за XBOX

Мајкрософт планира да сподели детали за своите планови да ја донесе Hi-Fi Rush и други ексклузивци од XBOX на конзолите PS5 и Nintendo Switch, според извори кои доаѓаат од страна на Мајкрософт . Деталите за мултиплатформските планови на Мајкрософт постепено протекуваат, и затоа медиумот The Verge беа првите кои што открија дека претстојната игра на Indiana Jones нема да биде ексклузива за XBOX, ќе ја видиме и за PS5. Сега, Мајкрософт се подготвува да ја претстави иднината на XBOX следната недела по викендот на протекување и неизвесност за фановите на Xbox.

Купете си PlayStation 5…

“We’re listening and we hear you. We’ve been planning a business update event for next week, where we look forward to sharing more details with you about our vision for the future of Xbox. Stay tuned.”

Извршниот директор на Microsoft Gaming Фил Спенсер во објавата на Twitter (X)

Мајкрософт првично го планирале ова деловно ажурирање да се случи подоцна овој месец, заедно со најавата за Hi-Fi Rush за PS5 и Nintendo Switch. Откако изминатиот викенд се интензивираа шпекулациите околу Hi-Fi Rush, Starfield и другите Xbox игри кои доаѓаат на PS5.

Microsoft ги продаде сите ексклузиви! Го продадоа HALO!

Според огласот за работни места за позицијата главен дизајнер на системи за игри во 343 Industries, следниот дел во серијата Halo ќе биде достапен „за сите играчи, на сите платформи“. Во списокот се наведува дека новите луѓе ќе постават јасни дизајнерски цели и резултати, фокусирајќи го тимот за дизајн на системи на постигнување висококвалитетно, кохезивно искуство за сите играчи, на сите платформи. Дали спомнувањето на сите играчи и на сите платформи значи дека следниот наслов Halo ќе пристигне на PS5 или Nintendo Switch 2, може да се претпостави, но формулацијата е прилично интересна, особено по неодамнешната рунда гласини кои укажуваат дека Xbox можеби сака да оди на Third-Party места.

Инсајдер кој се нарекува SneakersSO на форумот NeoGAF тврдеше дека Xbox сака да стане трд-парти, додека Џез Корден од Windows Central навести дека нема чад без оган! Според инсајдерот, Hi-fi Rush е еден од насловите од првата партија на Xbox што се пренесува на конкурентни платформи, но не е единствениот. Тие спомнаа дека Starfield уште еден голем наслов на Xbox кој ќе биде пренесен од Microsoft, веројатно и на PS5 и на Nintendo Switch 2. Тие додадоа дека, во догледно време, нормата ќе биде овие игри да бидат објавени првиот ден на сите платформи.

Во врска со можноста Halo Infinite да биде објавена на PS5, инсајдерот изјави дека можноста тоа да се случи не е толку далеку како што некои претпоставуваат. Тие рекоа дека лично не гледаат дека тоа се случува во случајот со Halo Infinite, но гледаат дека следниот влез во Halo е мултиплатформски. Според нив, префрлањето на енџинот кој рутински се користи за испраќање игри на PlayStation, односно Unreal Engine, ќе го олесни тоа смена на стратегијата.

Microsoft ја продадоа и Gears of War… F**K!

Според новите изјави на Џеф Груб во најновата изјава на Giant Bomb, Мајкрософт би можел да размислува да ја донесе Gears of War на PlayStation. Груб изјави дека потегот „дефинитивно се разгледува“. Ова ја додава класичната серија Gears of War на растечката листа на ексклузивци на Xbox кои веројатно доаѓаат на други платформи.

Нормално, одлуката за Gears of War е тешко конкретна. Мајкрософт сè уште официјално не потврди ништо за тоа, но кога ги продадоа сите, односно кога го продадоа Halo веќе, нормално дека ќе ја продадат и Gears of War. Всушност, тие не потврдија ништо пријавено во последните 24 часа. Новите тврдења се појавија на интернет порано денес, што сугерира дека Мајкрософт би можел да се подготвува за опсежен притисок од трета страна. Новата маркетинг стратегија на Xbox брзо ги подели фановите.

Сè уште има голема публика за оваа серија, а извештаите од минатиот месец тврдат дека колекцијата на Gears of War е веќе на тестирање. Ова издание во суштина ќе личи на Master Chief колекцијата за Halo. Исто така, би бил корисен начин да се воведе сосема нова публика на играчи во серијата. Тоа ги вклучува потенцијалните фанови на PlayStation. Но, Gears of War е сè уште главен производ на Xbox што помогна да се обликува неговиот идентитет рано.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Оваа недела Xbox одбележува 25 години од своето постоење. По тој повод, извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, објави долга објава на X, во која ја опиша долгата историја на Microsoft во гејминг-индустријата, која започнува многу пред објавувањето на првата конзола Xbox на 15 ноември 2001 година. Сепак, иако најголемиот дел од објавата наликува на вообичаените блог-текстови по повод годишнини од раководители во гејминг-индустријата, последниот дел навестува дека компанијата би можела да тргне во нов правец со најконтроверзната технологија во моментов – генеративната вештачка интелигенција.

„Иако современите игри ги покажуваат највисоките достигнувања на човечката креативност на начини што пред само неколку децении беа незамисливи, трошоците, ресурсите и ризиците потребни за нивно создавање пораснаа исто толку драматично“, напиша Шарма. „Како резултат на тоа, премногу идеи никогаш не стануваат игри, а премногу игри не го достигнуваат она што нивните креатори го замислиле. Со децении, ова беше неизбежниот компромис при остварувањето амбициозни проекти. Мораме да го промениме тоа.“

Шарма неодамна ја опиша гејминг-дивизијата на Microsoft како „нездрава“ и изјави дека Xbox се наоѓа во процес на „рестартирање“, кое веќе доведе до отпуштање на повеќе од илјада вработени и продажба на неколку омилени студија, меѓу кои и Double Fine.

Следниот пасус на Шарма дава одреден увид во тоа како компанијата планира да ја промени ситуацијата. „Низ човечката историја, обемот на она што можевме да го создадеме зависеше од луѓето, капиталот и ресурсите со кои располагавме“, продолжи Шарма. „Таа поврзаност почнува да се менува. Едно лице наскоро ќе може да располага со можности за кои некогаш беа потребни цели нации. Мал тим ќе може да создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари. А нашите најголеми студија ќе можат да реализираат амбиции што далеку ги надминуваат денешните игри, исто како што Microsoft Flight Simulator 2024 е далеку понапреден од првото издание во 1982 година.“

Иако Шарма внимателно избегна директно да го употреби терминот „вештачка интелигенција“, идејата дека „мал тим“ ќе може да „создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари“ изгледа остварлива единствено во контекст на оваа технологија. Современите ААА-видеоигри обично бараат сè поголем број програмери, а како резултат на тоа, трошоците за нивниот развој постојано растат низ целата индустрија.

Искуството на Шарма со вештачката интелигенција

Откако Шарма беше назначена за нова извршна директорка на Xbox, многумина почнаа да шпекулираат дека гејминг-дивизијата на Microsoft со текот на времето сè повеќе ќе се потпира на вештачката интелигенција. Пред да ја преземе сегашната функција, Шарма беше корпоративна потпретседателка за видео во Microsoft и раководителка за производи во рамките на платформата за вештачка интелигенција, а потоа ја предводеше организацијата CoreAI за развој на производи во компанијата.

Во услови на постојани критики кон генеративната вештачка интелигенција поради нејзиното потенцијално негативно влијание врз работните места, уметничкото изразување и животната средина, Шарма се обиде да ја намали важноста на своето претходно учество во развојот на оваа технологија. Во блог-објава од февруари, таа изјави: „Како што се развиваат монетизацијата и вештачката интелигенција и влијаат врз оваа иднина, нема да бркаме краткорочна ефикасност ниту ќе го преплавиме нашиот екосистем со бездушна содржина генерирана од вештачка интелигенција. Игрите се и секогаш ќе бидат уметност, создадена од луѓе и со помош на најиновативната технологија што ја обезбедуваме“.

Сепак, на 13 октомври, таа го најави Xbox Labs, експериментална дивизија инспирирана од неодамнешниот бран проекти за декомпајлирање, пренесување и модифицирање игри, потпомогнати од вештачка интелигенција. И покрај тоа што оваа група недвосмислено се занимава со код генериран од вештачка интелигенција, Шарма успеа ниту еднаш да не го употреби зборот „AI“ во објавата со која го претстави тимот.

Најновата блог-објава на Шарма е доста слична, бидејќи ги опишува промените во индустријата за видеоигри предизвикани од генеративната вештачка интелигенција, без директно да ја именува технологијата. Иако многу играчи со право не ја одобруваат употребата на генеративна вештачка интелигенција при создавањето игри, нејзината употреба за пишување или помош при создавање програмски код тивко стана дел од софтверската индустрија.

Истражувањето на Stack Overflow за 2025 година, во кое беа опфатени случувањата во текот на годината, покажа дека 84 отсто од анкетираните софтверски програмери користат алатки за вештачка интелигенција во одредена форма. Иако сè уште постои надеж дека оваа ситуација би можела да се промени преку законски регулативи или други механизми, се чини дека повеќето големи гејминг-компании ќе продолжат да се потпираат на генеративната вештачка интелигенција сè додека не дојде до некаква значајна промена.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!