Платформата Roblox доби целосно банирање во Турција поради експлотација на деца

Roblox официјално се забрани во Турција поради загриженост за експлоатација на деца.

Во изјавата објавена денес на Твитер, министерот за правда Јилмаз Тунч изјави дека пристапот до играта и нејзините сервери се целосно блокирани на нивната територија, и шансите да се вратат би биле премали.

Платформата за игри наречена Roblox и нејзините сервери, поради содржината што ќе предизвика злоупотреба на деца, беа испитани од 6-тиот кривичен суд за мирот во Адана во рамките на истрагата спроведена од страна на Главното јавно обвинителство во Адана. Во рамките на прашањата наведени во „Законот за регулирање на публикациите направени на Интернет и борбата против криминалот извршен преку овие публикации, серверите се блокирани.

Не треба да се заборави дека Република Турција е правна држава. Според нашиот Устав, нашата држава е должна да ги преземе неопходните мерки за да обезбеди заштита на нашите деца.

Должност на сите е да ги заштитиме и поддржуваме најдобрите интереси на нашите деца, кои се гаранција за нашата иднина.

Турција е една од земјите која внимателно ги следи случувањата во светот и на најдобар начин ја користи технологијата. Сепак, користењето на технологијата негативно никогаш не е прифатливо.

Секој што мисли за иднината на нашата земја и нашата нација и е на одговорна позиција, треба чувствително да пристапи кон ваквите ситуации насочени кон нашите деца и да се држат настрана од популистички и неодговорни дискурси.

Никогаш нема да бидат дозволени обиди за динамитирање на нашата социјална структура, злоупотреба на деца, поттикнување насилство и активности кои негативно ќе влијаат на развојот на нашите деца, од кои секое е скапоцен камен.

Официјалното обраќање на Турскиот Министер за правда Јилмаз Тунч

Одговорот на Roblox за забраната во Турција

Како одговор на забраната во Турција, Roblox изјавија дека ги почитуваат законите во земјите во кои играта постои.

Поминавме скоро 20 години правејќи ја Roblox да биде една од најбезбедните онлајн платформи за нашите корисници, особено за најмладите, и осигурувајќи дека безбедноста на нашите корисници е сржта на сè што правиме.

Ги почитуваме законите и прописите во земјите каде што работиме и ја споделуваме посветеноста на локалните законодавци кон децата. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да се осигураме дека Roblox ќе се врати онлајн во Турција што е можно поскоро.

Официјалниот одговор од тимот на Roblox

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

Будокаи Тенкаичи 2ката беше првата со која се запознав со оваа франшиза. Обожавав „Драгон Бол“ повеќе од се! Со братот и со братучедите игравме можеби по 5 саати во тие времиња, можевме и повеќе али баба сакаше да гледа вести и серии. Целата приказна, „What If“ епизодите, турнамент модовите, фјузиите… Преку 150 карактери да одбереш, и да си го испразниш гневот врз било кој е против тебе таа рунда.

Златните времиња на гејмингот…

Следната година… негде околу мојот роденден бевме со татко ми да купиме нови игри за PS2. Сабота, 10 часот, јас спремен, едвај чекам. Стигнавме во Беверли трговскиот, во едно мало 5х5 собче имаше човек кој секогаш имаше ново мени со избор на нови игри. Очите одма ми скокна, кога видов…. БУДОКАИ ТЕНКАИЧИ ТРИ! АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Само тоа ми требаше. Полна душа, и кога се вратив дома, беше се што си замислував да биде една битка во Драгон Бол без лимитациите на анимето. Нон стоп мавање, дерење камехамеха, имитирање на фјужн танцот. Хајпот траеше околу година и некој месец, бидејќи сонито прекина да работи, а и јас се префрлив повеќе на ПЦ гејминг. И стивна франшизата…

Ама, на еден Драгон Бол евент, беше покажан еден мал тизер. Околу 10 секунди од Гоку како се трансформира во најновата форма, Super Saiyan Blue. Кога го видов тоа, беше вриштење во 2 сабајле. Како и да е, да не ја должам премногу, Early верзијата е излезена, и јас ја изиграв за да споделам што оваа игра ви нуди за парите.

Ќе почнам со позитивните работи. Bandai и Spike Chunsoft (одговорните за оваа игра) го користат МАКСИМУМОТ од Unreal Engine-от кога се работи за визуелни ефекти, детали и уништување на теренот, како и оптимизација за играчи со постари машини да ја играат играта.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

Спаркинг Зеро ви нуди 183 (околу 90 уникатни, другото се транформации) карактери, од почетокот на Драгон Бол серијалот, се до претпоследниот Драгон Бол филм со новиот Броли. Освен канон карактерите (тие што се во мангата), ги има и сите антагонисти од еднократните приказни од филмовите како оригиналниот Броли, Кулер, Андроид 13, Лорд Слаг, Џанемба, и остали.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

После одбирањето на вашите карактери (тимот дозволува 5 ликови), си бирате на која мапа од 12+ мапи што ви се дадени (плус опции за ден или ноќ) и тука почнува хајпот. Полнење на Ки, движење без граници, бутање главата на противникот низ планина, разнесување на површината на планетата, класична Драгон Бол епизода. И вие сте режисерот. Вие диригирате како ќе се одвива битката, кој ќе се тепа и колку ќе се тепате, фузија на карактери, трансформирање на карактери… Ми се крева адреналин само што го пишувам ова. Ако сакате тепачина каде што можете со било кој другар/ка да седнете и да се газите, мислам дека Спаркинг Зеро е правиот избор.

Контролите на Спаркинг Зеро се тоа што ја прават оваа игра перфектна за нови играчи. Комбоата се воглавно спамање на коцка и евентуално држење триаголник за појак удар што нуди многу мала препрека за уживање на играта, но за луѓето што сакаат малце подлабоко да навлезат во играта, туторијалот детално ви ги објаснува нуансите и механиките што ви требаат за да го извадите максимумот од тепањето. High-Speed Evasion, Rush Chain, Revenge Counter, Super Counter, итн итн. Нема да ви треба премногу време за да ги научите напредните комбоа.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

Ако сакате чисто да го искусите Драгон Бол универзумот и приказната, тогаш сте нашле нафта со изборов. Не само што ја имате оригиналната приказна, со слатки изненадување ин-гејм (нема да споилам што е тоа), туку во самите сценарија имате и What-If сценарија, некои што дури продолжуваат по неколку поглавја. Некои од овие епизоди/поглавја ме оставија со зината уста пред монитор.

Кастом битките се нов мод во Спаркинг Зеро франшизата. Си креирате свое сценарио, со ваши одбрани агли за интро синематикот, ваши услови за како да се продолжи понатака, и најдобро од се… Вие бирате кој ќе се тепа со кој! Нормално, треба да ја победите битката пред да ви дозволат да ја ставите онлајн за други да можат да пробаат и да видат што сте смислиле. Морам да признаам, овој мод малце ме заинтригирува, баш сакам да видам што се ќе смислат фановите овде.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

Едно од најважните работи е дека голем дел (99%) од карактерите се добиваат со самото играње на играта (ЈЕЕЕЕЕЈ) и нема микротрансакции! Нема купување батл-пасови, нема сезони, нема делукс скинови, НИШТО! Се добивате со самата игра. Нормално понатаму ќе има ДЛЦ бидејќи има карактери што не се во играта, а анимето и мангата ја имаат продолжено приказната, па очекувајте 3 ДЛЦиња и 20+ нови карактери, што крајниот број на карактери би надминал 200.

Dragon Ball Xenoverse

Но, нажалост тука прекинува доброто. Морам да бидам објективен кога станува збор за нешто што го сакам од се срце, бидејќи моите емоции нема да ви направат праведна слика за оваа игра.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

Бандаи и Спајк Чансофт сакале да го направат тоа што Арксис веќе го прави со децении. Да раскажат приказна и да доволат емоции преку ин-гејм анимација за да може играчот да искуси целосна имерзија во епизодата. За жал Бандаи и Чансофт го немаат тоа што Арксис ги прави посебни и успешни во овој дел, а тоа е 10+ години разработување на својот систем на карактери (додавање екстра коски на карактерите за специјални пози, целосно интерни шејдери, и аниматори кои продуцирале аниме серии и филмови). Арксис дури и има цел разговор на оваа тема ако сакате да го погледнете. Во Спаркинг Зеро, ви се покажани неколку слики од сценаријата со мал филмски зум аут, и тоа е тоа… Дури ни наратор немаат ставено да ве дружи во ова осамено гледање на епизоди. Голем дел од приказната е само прочешлана колку да се каже дека била ставена во играта.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

Изгледот на самите карактери ме тера да си ги извадам очите. Артисти на Фајвер може да произведат поверодостојни карактери за една Драгон Бол игра во споредба со кои и да ги правеле овие кукли од глина. Тотално ќе разберев доколку играва ќе излегува и на мобилни и last-gen конзоли, ама не верувам дека тоа ќе се случи. Да трошиш вакви специјални ефекти на карактери што изгледаат како од 2013 е малце нефер, особено за игра од 70 евра.

Тука морам да ги напоменам и некои од ин-гејм анимациите на фузија и трансформација. Спаркинг Зеро ги има убрзано анимациите како и извадено делот каде што карактерите се местат за фузија, што според мене вадат многу од грандиозноста на еден ваков потег. Мислам, погледнете ги само сцените каде што прв пат се прикажани Веџито и Гогета.

Следно би било очоболното мени со кое одма се запознавате на старт. МАЈКООО МОЈА! Остави јапонец да ти направи најдобар гејмплеј и најлошо мени за корисникот (те гледам тебе Мијазаки). Секој пат кога менувате опција, Гоку лета до друго место и камерата го следи него, а ако стискате пребрзо, бел екран ви ги пржи очите како да сте виделе вонземјанин во Мен ин Блек филм. Менито за селектирање на тимот изгледа како да бирате осомничен од ред притвореници. Некои од карактерите не се ни распознаваат по сликата, други пак не си ни личат на себе. Ин-гејм интерфејсот каде што ти се покажани остатокот од тимот и трансформациите на карактерот се непрегледни.

DRAGON BALL: Sparking! ZERO

ако заклучок на овој осврт, сакам да ги пофалам Бандаи и Спајк Чансофт што се обиделе да ја препишат домашната од Арксис, иако театрално неуспеале во тоа. Но затоа тука е франшизата на Драгон Бол да ги извади од кал. Спаркинг Зеро моментално има повеќе пред-нарачки од Call of Duty Black Ops 6, и тоа не може да се занемари.

Крајна оценка за DRAGON BALL: Sparking! ZERO е 5.5/10

Автор на рецензија: Дарко Никодиновски – Паци

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!