Филмот Borderlands пристигнува во кино салите денес на 9ти август (во Македонија од 29ти август), но критичарите веќе излегоа со своите критики за филмот, и тоа не е добро. Всушност, во овој момент е прилично консензус дека секој што го гледал филмот Borderlands го мрази од дното на душата.
На Rotten Tomatoes, филмот моментално од кога се пишува оваа вест, се наоѓа со оцена 6%… Добро прочитавте, 6 од 100…
Врз основа на 50 рецензии на критичарите досега, Borderlands се смета за „неинспиративен“, „безживотен“, па дури и „катастрофа од филм“.
Исполнет со секое клише за кое можете да размислите, овој филм го заменува хаосот и имагинацијата на игрите со безживотно, незабавно и визуелно одбивна глупоштија со досадни ликови и актерска екипа со ниту една нормална хемија
Рецензија од Адријано Капорусо од Bitesize Breakdown.
Филмот нè влече назад во времето кога студијата ги правеа ликовите како пијаница со грациозност и грозност пробува да нарача пилешки прсти во 3 часот наутро
Рецензија од Кларис Лафри од Incident
Иако сигурно има некои на кои филмот во кој глумат Кејт Бланшет, Кевин Харт, Џејми Ли Кертис и Џек Блат е смешен или забавен, се чини дека тие ќе бидат ставени во сенка. Претходно оваа година, Ренди Пичфорд изјави дека првиот филм е „почеток“ на филмскиот универзум Borderlands. Ако филмот се мачи во кино салите исто како и со критичарите, можеби нема да има универзум за истражување… Само времето ќе покаже каква е иднината за франшизата.