Warner Bros Discovery се обидуваат да излезат од бизнисот со видео игри. Според новиот извештај на Фајненшл Тајмс (потребна е претплата доколку сакате да го прочитате целиот текст), Ворнер Брос ја разгледува можноста да ги продадат сите оддели за правење на видео игри.
Извештајот доаѓа само две недели откако Warner Bros. Games го купи развивачот MultiVersus, Player First Games. Извештајот тврди дека со распродажба на игри ќе и се помогне на компанијата да избегне можни тужби од различни должнички инвеститори. Сепак, ништо не е финализирано.
Ворнер Брос. Гејмс моментално поседува големи IP-иња како Harry Potter и Mortal Kombat. Тие, исто така, се издавачот на „Suicide Squad: Kill the Justice League“, лајв сервис игра, која наиде на многу слаби критики, па дури и фидбек од страна на самите играчи, а тоа започна прво од критичарите кои што ја утепаа играта уште на самиот почеток. Тоа беше и игра која ја чинеше компанијата 200 милиони долари приход…
Ова не е прв пат Ворнер Брос. Гејмс да биде потенцијален кандидат за продажба. Уште во 2020 година, беше објавено дека Мајкрософт бил заинтересиран за купување на дивизијата со цел да ги добие игрите како Mortal Kombat, Suicide Squad и другите. Треба да видиме дали Мајкрософт повторно би биле заинтересирани поради моменталната ситуација на компанијата по нејзиното купување на Activision Blizzard. Голем трошок ќе имаат.
Ворнер Брос Дискавери не одговори на повеќе барања за коментар пред објавувањето.