Прототип на Commodore 65 е на аукција за $30.000 – Работи и е максимално сочуван

Ако имате околу $30.000 кои што можеби не ви требаат (ако се лажеме) може да одите на eBay и да си учествувате во аукцијата на прототип за Commodore 65. Овој компјутер кој што е ултра тешко да се најде, нормално да се најде во состојба да работи се продава за висока цена која треба да стигне барем до $28.000, може да отиде и на повеќе доколку некој навистина сака да го купи и да го има во 2022 година.

Commodore 65 (C65 aka C64DX) беше прототип на компјутер кој беше развиен кон крајот на 80-тите – почетокот на 90-тите од Commodore Electronics. Тој требаше да биде наследник на Commodore 64 (C64), но во 1991 година, системот беше уништен поради меѓусебните недоразбирања на компанијата и никогаш не доживеа комерцијално издание. Веројатно има некој што подобро ја знае историјата на овој систем и може подобро да ја раскаже.

Успехот на Nintendo Entertainment System (NES) и компјутерот Apple II земале делови од пазарниот удел од Commodore 64, што довело до развој на C65. Неговиот процесор имал речиси тројно од брзината на C64 на 3,54 MHz, имал 128 KB RAM (со можност за проширување до 1MB), а неговиот графички чип можеше да произведе 256 бои кои поддржуваат максимална резолуција од 1280 x 400.

Во 1994 година, кога Commodore International се затвориле, од 50 до 2.000 прототипови C65 наводно го нашле својот пат на отворениот пазар. Од тие 2.000 можеби само 10 се зачувани како овој, и наводно работат. Сепак се поминати долги години.

“This particular unit is even much rarer” than most existing units, the listing states. “The plastic molds are not roughened, so the case still has a high-glossy look, and the POWER and DRIVE text is missing. The plastic molded cases of these ALPHA Units are totally rare; only a hand full are known to exist. This C65 has a ‘#27’ written on the PCB.”

eBay

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!