One Piece Odyssey – Рецензија

Како еден од најголемите фанови на One Piece, Шоунен приказна која што ја сметам како дел од животот без кој не можам да живеам, премногу ми е драго што девелоперитре ILCA и паблишерите од Bandai Namco ми дадоа можност порано да ја пробам One Piece Odyssey и да направим рецензија за оваа интересна игра која што уживав додека ја играв, иако не сум голем фан на Turn-Base RPG жанрот во видео игрите.

Најголемата инспирација за овој Turn-Base RPG земале од Dragon Quest изјавија самите девелопери бидејќи сакале истото тоа да го направат со огомниот свет на One Piece, и може да се сложиме сите дека кога ќе помислиме на One Piece не мислиме на Turn-Base RPG игра. Ова не е прва One Piece игра што некогаш е направена, интересно е што пред оваа игра има вкупно 55 One Piece игри

Иако не е првата, оваа е таа што малку го менува жанрот од неколку претходни кои што беа целосно Open-World игри без Turn-Base комбат. Но сепак иако се работи за ваков жанр, Екипажот на Straw Hat Pirates се едни од најдобрите PRG карактери што некогаш може да ги играте! Уметноста и стилот кој што го има креирано авторот – Eiichiro Oda, го прави овој огромен свет да изгледа како еден од најубавите светови, иако тоа го имаме видено и во Манга и во Аниме, но сепак кога си во игра кога можеш ти да шеташ во светот дава некој друг убав шмек. Добро JRPG кое што ќе помогне на девелоперите за како се прави JRPG свет

Straw Hat Pirates

Приказната е многу уникатна и интересна, не е канон со приказната што се одвива моментално во приказната (што е нормално), и го следи Luffy и неговиот екипаж како се губат и пристигнуваат на мистериозниот остров – Waford. Не им е потребно многу време додека ги најдат првите нови ликови од тој свет – Lim & Adio кои што имаат зад себе голем екипаж од пирати. И на прво гледање кога се запознаваат со нашиот екипаж Им ги крадат моќите на Straw Hat Pirates со тоа што директно им кажуваа дека не можат да ја победат секоја борба со тоа што ќе погледнат во непријателите!

Самиот почеток на приказната е многу нападлив и сериозен, но сепак тука започнува долгата приказна која што се игра на два фронта кој што се дели на тоа што Екипажот им помага на Adio & Lim да се борат против пиратите, но вториот дел се игра во еден свет кој што се вика Memoria. Тоа е свет на мемории креирани од специјални моќи кои што ги поседува карактерот Lim (не е Devil Fruit моќ), и со тие моќи им дава на крактерите да се враќаат на одредени локации и моменти од нивното минато. Не можат да се враќаат било кога во времето, само на моменти што ги доживеале они! Иако приказната не е нешто што ќе ве шокира, го гледаме цело време тоа во самата приказна, ова е само уште едно уникатно нешто што се дополнува.

One Piece Odyssey не е за нови фанови на One Piece

Доколку сте нов фан на приказната на One Piece и сте до одреден период кој што е на самите почетоци, или ајде да кажем доколку воопшто не сте фан на One Piece, оваа игра можеби не е за вас. Посебно за луѓе кои што не се запознаени со светот на One Piece ова дефинитивно не е игра за вас! Причина зошто не е за вас е бидејќи нема никаков момент да ви објасни играта кои се карактерите, кои се непријатлите, зошто се враќате во одредено место и зошто баш тогаш и таму се случува тоа и тоа.

Приказната се случува после Dressrosa Arc и буквално приказната во играта ве носи одма после завршување на тој дел, не ви ни кажува “Ова е вашиот Екипаж бла бла бла…” буквално одма ве внесува како од епизода во епизода од аниме серијата. За нови фанови ова е смрт бидејќи нема да знаат ништо што се случува, но за поголеми фанови и долги следачи на приказната Memoria деловите ќе им се допаднат премногу бидејќи ќе се присетат на многу добри моменти што се случиле во самата приказна.

Сите овие Memoria делови се во стил на “What If…” епизоди кои што како самото име кажува, што би се случило доколку екипажот се врати тогаш со овие сегашни моќи што ги имаат и дали нешто би промениле. Но сепак промената не е толку битна, носталгијата што ја добиваме е најбитното нешто! Јас како огормен фан на One Piece кога се враќав на одредени моменти ме пукаше таква носталгија за одредени работи што на момент застанував, го оставав контролерот и само така сакав да си гледам работи што сум ги доживеал пред многу години и се уште ми будат емоции како првиот пат кога сум ги видел. Тоа е убавината на One Piece која што само фанови на приказната можат убаво да ја разберат.

Лист, Камен, Ножички… Бокс…

Во One Piece Odyssey комбат системот е многу интересен и уникатен, до степен што оди да е меч со две острици, односно тоа беше за мене, за фанови на Turn-Base и JRGP жанорт нема да е така. Играта го има нормално калсичниот Turn-Based комбат кој што е малку променет, можете во секое време да напаѓате со кого сакате, немате листа на чекање, но има дополнителна механика додадено. Дополнителната механика е “Лист Камен Ножички” или во играта “Power Speed Technique” што ги имаат сите протагонисти и антагонисти. “Power beats speed, technique beats power, and speed beats technique”. Оваа механика дава на комбатот за кој би направил повеќе штета или кој би победил на крајот.

Она што го прави овој систем да функционира е тоа што не постои традиционален редослед на вртење и можете слободно да го изберете кој било лик што сакате да го преземете првиот чекор во борба. Дури и ако тие не се во вашата активна партија од четири карактери, можете слободно да ги замените. Можете исто така да видите кој од вашите непријатели ќе биде следен да го преземе својот ред и да се обиде и да планира околу тоа. Откако сите четири ликови во вашата активна партија ќе преземат акција, рундата на борба завршува и секој може да дејствува уште еднаш.

Еден проблем на сето ова е тоа што има повеќе зони во борбеното поле, а за да може еден лик да се замени со друг, тие прво мора да ги победат сите непријатели во својата зона. Така да има одредена стратегија вклучена во одлучувањето по редоследот кој од вашите ликови треба прв да нападне. Да речеме, на пример, има група непријатели во една зона кои имаат слабост на техника.

Мојот најсилен Technique лик е Zoro и ако е заглавен во зона со единствен непријател кој е слаб за Speed, можам да го имам Usopp, мојот лик од Speed, да оди прв со користење на напад со опсег за да ги погоди непријателите во други зони за да го ослободи Zoro, и тогаш Zoro може да ја исчисти другата зона со еден од неговите напади што ќе погоди повеќе непријатели. Класична Turn-Base механика што мора да се игра за да се сфати како функционира. Јас како човек што скоро никогаш не игра Turn-Base игри имав малку проблеми додека не сфатив кои се најдобрите начини како да играте, но после неколку борби ги сфаќате кои се најдобрите начини да се борите.

Не ви е потребно Turn-Base искуство, секогаш ќе Победите

Како што кажав погоре во првите рунди кога имате борба а не сте искусни со Turn-Base можеби ќе потрошите малку време кога ќе пробувате нешто да направите, но после до крајот на самата игра ќе сфатите дека не е ништо ни тешко ни посебно ни нешто дека ќе ве измачи… Доколку во некоја рунда изгубите причините дека вие сами сте сакале да изгубите се високи, 95.5% од рундите ги победувате, и не е XCOM момент со 95% шанса да погодок можете да промашите, овде победувате сигурно. Ова е многу голем минус и за нови фанови што играта не им дава можност да се изгорат на фактот дека можат да изгубат, цело време ги наградува со лажна доверба дека цело време можат да победат…

Уште едно дополнително нешто е што скоро и да не е потребно да грајндате да станете посилен и да ги надоградите вашите карактери. Јас го доживеав моментот што многу од непријателите ги игнорирав и не ги тепав, и си реков ова е нешто што сигурно само јас го правам. Дознав дека многу луѓе кои што ја играле играва порано го направиле истото. Тие што ги тепале сите карактери само си давале повеќе време да поминат во самата игра. Доколку на сите нас ни било потребно околу 30 часа да ја завршиме играта целосно, сите други што ги тепале сите можни непријатели добиле барем уште некои си 10-15 часа повеќе кои што им се тотално непотребни за ако сакаат да станат појаки, но како што кажав не е ништо потребно бидејќи 95% тепате.

Многу од ова произлегува од системот Dramatic Scenes, кој по случаен избор ви дава некоја дополнителна цел за одредено време на одредени непријателски средби. Речиси секогаш се тривијално лесни, како „победете го непријателот C пред да биде победен членот на екипажот“, но бонусот што го наградуваат е само астрономски, понекогаш двојно или повеќе од тројно го зголемува XP заработено за една борба.

Се борев со глутници стаорци кои даваа повеќе XP отколку големи битки со босови кои завршуваат поглавја. Одма кажува колку лошо е направено фактот што обични СТАОРЦИ даваат повеќе XP од голем непријател кој што ја носи приказната понатаму.

И покрај недостатокот на напнатост за време на борбите, сепак уживав во борбата на One Piece Odyssey во целина, главно затоа што посебните вештини се многу забавни за гледање. Тие апсолутно го заковуваат изгледот, влијанието и комедијата што се наоѓаат во речиси секој значаен напад што го користат The Straw Hat Pirates. Без разлика дали станува збор за смешноста на Rubber Band of Doom на Usopp, за апсолутната лоша работа на буквално секој од потезите на Zoro или за чистото уништување на Luffy’s Gear 3rd и 4th способности. Вниманието на деталите кога станува збор за тоа како програмерите ги зедоа овие иконски потези од изворниот материјал и ги ставија во One Piece Odyssey е навистина нешто што треба да се види.

Memoria е светот за Големите Фанови

Како голем фан на One Piece со големо срце можам да кажам дека на мене и на другите фанови ни треба нешто слично како што е Memoria за да можеме да се навраќаме и да ги доживуваме нашите омилени моменти од приказната! Во патувањето низ Memoria, ќе посетите четири главни локации од приказната на One Piece, а заслугата му припаѓа на развивачот ILCA што направиле неверојатна работа за секоја од нив да се чувствува како вистински локации во кои би живееле.

The Kingdom of Alabasta е огромно место, со два раздвижени града за истражување – Nanohana и Alubarna – и огромни пустини што ги поврзуваат. Water Seven има атмосфера на студен венецијалски град со реки што течат покрај неговите многубројни улици. Потоа додека можете да го истражите само откако ќе се спушти целото лудило поврзано со птичјиот кафез, постои застрашувачко чувство на тага и огромна загуба додека шетате по улиците на неодамна опустошеното кралство Dressorsa.

Иако локациите се многу убави и големи, сепак само во The Kingdom of Alabasta ќе си го направите најдоброто доживување бидејќи само таму имате многу работи кои што можете да ги доживеете, во сите дурги места само ќе се најдете во борба, ќе се најдете во лоши моменти и ќе се најдете во кралство каде што само што сте биле и целото кралство ви е уништено. Но сепак не може секое место да е убаво како и во нашиот свет. Има разлика да отидете моментално во Дубаи и во Украина, нели… Па така има разлика и да одите во Alabasta и Dressrosa.

Многу бавно е да се дојде до вистинскиот дел од приказната што ја преживувате, а особено се повторува поради фактот што не добивате нови техники или способности кога ќе се искачите на ниво. Наместо тоа, вие само отклучувате еден тон способности одеднаш на крајот на поглавјето, правејќи го чувството на напредок нерамномерно. Значи, остануваат само неколку часа од истите видови битки против главно исти типови на непријатели додека не стигнете до крајот на ова едно необично долго поглавје.

Приказната си ја правите Сами…

Нешто што премногу ме погоди беше фактот за како се одвиваше цело време приказната. Како голем фан на Albasta Arc не успеав точно да сфатам што се случува, и не успеав доволно да навлезам во самата приказна. Проблемот беше промената од одење од едно место во друго поради причината на Memoria. Надвор од Memoria ќе истражите неколку Dungeons фокусирани на загатки, кои обично бараат од вас да ги користите уникатните теренски техники на секој поединечен лик.

Luffy може да користи полиња за справување за да ги премине празнините, како и да зграби предмети од далечина, Usopp може да ја користи своето оружје за да соборува предмети или да активира одредени прекинувачи од далеку, Zoro може да сече низ челични врати, а Chopper може да се вклопи низ мали премини и да пристапи скриени области. Ниту една од овие способности навистина не ги подобрува загатките или истражувањето на некој значаен начин, но тие прават добра работа со менување на визуелниот дизајн на занданите, додавање на некои скриени колекционерски предмети надвор од претепаната патека и ви даваат нешто што треба да правите освен само одење. на патека борејќи се со непријателите со часови.

Завршни зборови

One Piece Odyessey е игра само за вистински фанови на One Piece, не е за некој што не е ниту малку за некој што не е запознаен со приказната која активно трае уште од 1997 година. Тоа е многу негативно за некој што сака да ја игра оваа игра. Turn-Based RPG комбатот исто така не е добар за нови на овој жанр, но сепак доколку ви е прва игра од овој жанр што сакате да ја играте или можеби сакате повеќе да навлезето во овој жанр, ова е за вас.

Сакате да ве пукне носталгија со тоа што ќе се вратите во минатото на приказната? Премногу ќе ве шокира носталгијата!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Sony го објави ажурирањето на фирмверот од април 2024 година за PlayStation 5. Ажурирањето на PS5 24.03-09.20.00 доаѓа со големина нешто повеќе од 1 GB и има неколку мали додатоци за корисниците.

Најголемото дополнување доаѓа преку проширувањето на функцијата Помош за игри. Новото ажурирање сега ќе прикажува видеа од игра од други играчи ширум светот преку функцијата „Помош во заедницата“. Ова ќе им овозможи на играчите многу полесно да добиваат совети и помош во разни игри во кои ќе бидат заглавени.

Додадена е и можноста да се скрие пораката „Remote Play поврзан“ на екранот. Можете да ги проверите целосните детали за ажурирање на системот подолу.

Сите новитети на конзолата

  • Game Help has been expanded by adding Community Game Help features.
    • In Game Help, you will see hints labeled Community Game Help in supported games, which indicates that the hint was generated from other players’ gameplay videos.
    • You can participate in Community Game Help by allowing your gameplay video to be automatically captured and added to the feature upon review.
      To opt in, go to Settings > Captures & Broadcasts > Captures > Auto Captures > Community Game Help, and then select Participate. You can also opt out at any time.
  • In Remote Play, if the persistent message “Remote Play connected.” is displayed during Remote Play, you can now hide this on your game screen. Go to Settings > System > Remote Play and turn on Hide Remote Play Connection Status.
  • We’ve improved system software performance and stability.
  • We’ve improved the messages and usability on some screens.