Во еден магичен светот што умира, каде што сенките шепотат и раскажуваат приказни за заборавените богови и древните клетви, фантастичната Elden Ring се појавува како доказ за уметноста на раскажувањето приказни и суштината на предизвикот. Додека ги поминувате пустите предели на The Lands Between, вие не сте само обичен играч и обично човече, туку сте трагач и истражувач по вистините скриени во урнатините на времето. Етеричната убавина на овој свет, создадена од визионерските умови на Хидетака Мијазаки од FromSoftware и Џорџ Р.Р. Мартин, ве мами во танцот на смртта и откривањето, каде што секој чекор е борба, секоја победа тешко извојувана, и секое камче во светот има своја приказна!
Elden Ring не е само игра, ова е симфонија на очај и надеж, наратив врежан во крвта и потта на безброј херои кои се осмелиле да и пркосат на судбината. Симфонија која што е подобро напишана и свирена од многу генијални умови. Прекрасната партитура, прецизно дизајнираните средини и немилосрдните противници се спојуваат за да создадат искуство кое е исто толку застрашувачко толку и хипнотизирачко. Тоа е свет каде што се замаглува границата помеѓу реалноста и фантазијата и каде вашата храброст се тестира на секој чекор.
Додека го осветлувате патот низ темнината со треперлива благодат, сфаќате дека Elden Ring е одраз на нашите сопствени егзистенцијални битки – нашата потрага по смисла во свет кој често се чувствува рамнодушен. Овде, во оваа дигитална област, наоѓаме ехо на нашите борби, нашата издржливост и нашиот непопустлив дух. Elden Ring е патување не само низ фантастичен пејзаж, туку и низ длабочините на човечката состојба, предизвикувајќи нè да се кренеме, паднеме и повторно да се кренеме.
И после целата оваа симфонија, бајка, љубов и агонија која што ја добивме во почетоците на 2022 година, генијалните умови од FromSoftware решија да не почастат со уште еден голем дополнителен контент! Со уште еден дел од светот на Elden Ring или конкретно кажано, и на англиски кажано да звучи малку повеќе симпатично. “Another Land in the Lands Between”. Можеби тука доаѓа прашањето колку длабоко можеме да влеземе и да истражуваме? Епа многу е точниот одговор.
Shadow of the Erdtree… Уште во моментот кога влегов во експанзијата се чувствував како да отворам некоја многу добра книга исполнета со поезија, исполнета со страници со нераскажани приказни и мрачни мистерии. Оваа експанзија не е само додаток на веќе огромниот свет на Lands Between, туку е дополнување на нешто што веќе постои, но едноставно ние како карактери, или како Elden Lords по ново, мора да ги отркиеме, дознаеме и да ги стабилизираме малку.
Новата земја во The Lands Between
Сакам малку да ве вратам сите во 2017 година кога излезе една игра која што како Elden Ring до денес е ремек дело, цело време може да се преигрува, и дефинираше гејм дизајн за многумина. И може да се каже слободно дека доколку не беше оваа игра, Elden Ring немаше ни да постои. Нормално зборувам за The Legend of Zelda: Breath of the Wild. Кога излезе оваа игра уште од самите почетоци прикажа нешто многу интересно, а тоа е будењето на еден изгубен херој во една пештера кој што сака да го најде своето место во некој заборавен свет. Во моментот кога херојот се буди и излегува од пештерата, се случува едно интересно просвелтување. Доживување на убавината и големината на светот!
Во Elden Ring се случи буквално истото тоа, и имаше ист почеток. Се буди еден карактер кој што е протеран од владетелот на овој свет, но сепак во него се гледа светлината дека може да го спаси светот и сите кои што живеат таму. Тој карактер излегува од пештерата со отварање на една врата и го гледа огромниот свет пред него. Во еден правец огромен замок, во другиот правец полјана со напуштена и срушена црква, и нормално тоа што не може да се пропушти, едно огромно дрво кое што го осветлува целиот свет и може да се види од секоја позиција каде и да сте!
Во Shadow of the Erdtree, FromSoftware изиграле на безбена карта, и го направиле буквално истото! Будење и излегување од една пештера, и пред тебе е огромниот свет кој што ве чека да го истражите и спасите! Но сега има доста разлика. Ако пред ова излегувате и гледате еден свет кој што е жив и кој што едвај чекате да го видите, овде гледате свет кој што е мртов! Свет каде што повторно има дрво, но тоа дрво веќе не е златно, туку е запалено и изгорено, и дрво на кое што корените веќе немаат никаква фунција.
Кога почнувате да го истражувате светот во првиот момент се соочувате со огромен број на гробови и гробни плочи. Тука ја гледате симболиката на светот колку повеќе не е тој свет на Elden Ring што го знаеме до сега, и дека многумина се веќе умрени поради проблемите кои што ги прават боговите и нивната немоќност да се контролираат самите себеси. Тука сфаќате вие како спасителот на светот и новиот Elden Lord зошто сте вие избрани и која е вашата улога во овој свет и на оваа земја!
Малку негативно нешто од старт што мене не ми се допадна е одма кога излегувате од светот пред вас стои еден огромен замок, каде што гледате дека таму е и дрвото, и знаете дека таму треба да одите и дека таму ќе е и самиот крај на играта. Но сепак си давате малку несигурност дека мислите дека ќе биде многу брзо и кратко. Не велам не, можете да многу брзо да стигнете до крајот и да ја завршите приказната во играта, но сепак треба малку да сте и добри во играње на играта. Но убавината е што цело време имате милион опции каде да одите и едноставно да се изгубите во светот. Никој не ве ваќа за рака и ве води како треба, туку играте како сакате вие!
Светот е направен буквално од корен! Никоја зона нема да изгледа исто како некоја друга и никоја зона нема да изгледа како нешто што сте го виделе во базичната игра. Некој да ви ја даде играва и да ви каже дека ова е “Elden Ring 2” многу лесно може да се каже супер на тоа и да се прифати како такво! Нови зони, нови региони, нови карактери, нови непријатели, многу малку може да се видат работи кои што се вратени од обичната игра овде.
И морам разговорот за светот да го завршам со едно нешто што мене многу ме погоди! Во ова DLC нема да најдете многу Dungeons, и самите креатори кажаа дека тоа нема да се стави во играта. Но има само еден од неколку кој што е поразличен од било што! Тој Dungeon треба да го носи името “Тест на Психичка и Физичка издржливост”. Од моментот кога влегувате, до самиот крај вие немате Site of Grace! Овој Dungeon е толку огромен што оди само надоле и надоле и надоле со лифтови! Во момент се прашувате има ли крај и има ли негде Site of Grace, страв ми е да умрам! Се до моментот додека не стигнете до крајот кај BOSS, вие морате да бидете спремни и издржливи. И… Убавината е што ќе го убиете и вие сфаќате дека сте во една сосема нова и подземна зона која што можете да проодлжите да ја истражите! Зона која што доколку не сте ја нашле вратата на тој Dungeon, нема никогаш и никако да ја видите!
Новитети и Непријатели
Во ова DLC има две нови работи за наоѓање и собирање – Scadutree Fragments и Revered Spirit Ashes – кои што го зајакнуваат карактерот, но тие се ефективни само во Shadow Realm. Собирањето на првото нуди значителен поттик за тоа колку Damage правам и примам, а второто го прави истото но за Spirite Ashes. Додека шетав низ Gravesite Plain уште одма ми стана јасно зошто се ставени во играта и зошто мораш да ги најдеш! На почеток се чуствуваш како да си целосно гол и се што ќе те удри може уште веднаш да те стопи! Покрај овие нови елементи – и новиот стил на борба со боречки вештини, може лесно да се каже дека првите неколку BOSS-ови се екстремно тешки! Лесно можат да се научат нивните начини на борба и движења, но се толку тешко што ве бришат како прашина! Брзина, сила, напади, се е x10 пати покачено!
Низ отворениот свет, има и огромни нови непријатели, како например Furnace Golems кои што најдоро е да ги оставите да си шеткаат низ светот и да не им обрнувате многу внимание. Ако сакате да ги тепате, најдобар начин да се справите со Furnace Golems е да ги фрлите Hefty Pots во нивните кошнички полни со оган, но искрено, немав време да се посветам на тоа. Мојот приоритет овде беше да видам колку што можам повеќе од Shadow of the Erdtree, и затоа за таа цел главно останав со варијации на она што го знаев.
Како и во секоја друга Soulslike игра, имав многу моменти кога морав да се повлечам од борбата, пред да влезам и да мислам дека тоа е тоа, сега ќе го победам. Сите сме го доживеале ова, посебно со последните BOSS-ови во играта, но овде, леле луѓе овде колку е тоа на поголемо ниво! Еве во моментов кога ја пишувам рецензијата со тага кажувам дека последниот BOSS се уште не можам да го победам ни после повеќе од 200 обиди! (Кога ќе го победам ќе го сменам тексто). Брзината овде е на огромно ниво покачена! До степен што може да се каже доколку некој непријател ве види дека пиете Health Potion, телеграфски ќе фрли се што има напади од него за да ве стопре во тоа! Кој ќе преживее ќе раскаже е овде.
Има доста голем асортиман на нови оружја и оклопи овде, но сепак малку е тажно ништо ништо не изгледаше толку привлечно да се проба. Се изгледаше досадно и слабо. И интересно нешто што им раскажав на многумина до сега е тоа што некако се осеќа дека новите оружја не функционираат на новите непријатели, како да не се прави никаков Damage, а старите се супер. Но… новите одружја и тоа како функционираат на стари непријатели! Ова е дефинитивно од моја перспектива, можеби некој ќе го осети и на своја кожа, но сепак јас вака го доживеав се ова. Но сепак навистина ни новите оружја кои што можат да се фрлат, но начинот на тепање со Kung Fu едноставно не е привлечен. Не можам да се видам себеси како скокам во воздух и со клоци тепам змејови на кои што не им правам никаков Damage… На нормални слаби непријатели тоа е добро, на големи нема шанса.
Заклучок за Shadow of the Erdtree
Elden Ring: Shadow of the Erdtree е повеќе од само едно проширување на светот. Ова е длабоко продолжување на суштинското искуство, збогатувајќи го светот и продлабочувајќи го наративот. Ги предизвикува играчите да се соочат со своите стравови, да ги откријат скриените вистини и да се соочат со сенките што се кријат во The Lands Between. И доволно пишувам… Идам да си ги продолжам уживањето кое ќе трае уште долго!