Новото DLC на Elden Ring добива “Mixed” рецензии на Steam

Shadow of the Erdtree, долгоочекуваното DLC за една од најдобрите игри на сите времиња, и најдобрата игра за 2022 година, веќе трет ден е изложено на многу тешки критки. Додека многу фанови уживаат во играта, други се фрустрирани поради тешкотијата.

Познато е дека FromSoftware ги прави игрите предизвикувачки. Сепак, ова DLC се состои од најтешките BOSS-ови што некогаш ги направиле, и тие се покажаа премногу за некои фанови (па дури и за мене искрено. Затоа некои фанови (или во наводници фанови) почнаа негативно да ја оценуваат играта. По ваквите рецензии, играта моментално има „MIXED рејтинг“.

На Steam, проширувањето има изненадувачки рецензии кои што се скоро 29.000 и растат цело време. Ова е ретко за DLC што доби одлична оценка 95/100 на Metacritic, или чиста 10ка од мене во мојата рецензија која што можете да ја прочитате тука. Да, повторно ќе кажам, ова DLC стварно е многу потешко, што е сосема јасно и не е нешто ново. Секогаш на секоја Souls игра DLC-то е многу потешко! Но дека заслужува да ги добива овие работи… НЕ!

Elden Ring веќе имаше огромни чудовишта во реална и метафорична смисла на зборот како Malenia и Mohg, па некако се очекуваше дека во DLC ќе има уште потешки BOSS-ови. Околу 62% од играчите не го ни победија Mohg, па беше очигледно дека повеќето не беа подготвени за Shadow of The Erdtree. Се чини дека FromSoftware им даде на сите проверка на реалноста, што доведе до негативни критики. И за да се влезе во DLC-то, мора да се победи тој.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

Сакате вашата игра да биде прикажана за време на Gamescom Opening Night Live (ONL)? Тоа може лесно да се договори и направи, и почетната цена запонува од $288.000 па се нагоре.

Оваа информација за првпат беше фатена од TechRaptor, и многу медиуми брзо ја пренесоа веста. Тоа е максималната цена и доаѓа со место од 120 секунди на емитувањето. Сакате помалку време, тоа е малку поевтино, но не многу. Погодок од 90 секунди чини 234.000 долари, 60 секунди околу 179.600 долари, и 30 секунди ќе ви одземат приближно 125.000 долари.

Ако не сакате да потрошите толку многу на отварањето, можете да ја добиете вашата игра на пред-шоуто. Сепак, сè уште е прилично скапо. За хит од 120 секунди на предшоуто, чини приближно 144.226 долари. За 90 секунди, ќе чини околу 117.000 долари, 60 секунди околу 90.000 долари, и за само 30 секунди, сè уште е 62.500 долари.

Сепак, и покрај високата цена, студијата не се чинеше дека се исклучени бидејќи местата на главната емисија од Gamescom ONL се распродадени. Сепак, сè уште можете да резервирате за пред-шоуто.

И иако за некои може да биде изненадување, овие цени не се ништо ново. За Summer Game Fest оваа година, наводно чинел 250.000 долари за само една минута. Ако сакавте повеќе време, на пример 2,5 минути, гледавте да потрошите над 500.000 долари.

Не се верува дека секој натпревар треба да се плати. Бидејќи некои од помалите инди игри што се прикажуваат за време на овие преноси веројатно немаат буџет да си дозволат толку голема цена. Сепак, сè уште е нешто да се видат цените поврзани со вакво шоу.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!