ТВ Адаптацијата на Fallout ќе ги Игнорира Игрите

Големиот Todd Howard излезе на подкастот Lex Fridman каде што сподели информации дека претстојната ТВ серија на Fallout нема да ги повторува работите и приказните кои што ги знаеме од игрите. Во глобала оваа ТВ адаптација целосно ќе ги игнорира игрите и ќе раскажува целосно нова приказна. Серијата ќе се емитува на Prime Video и ќе ги прикажува последиците од нуклеарната војна во алтернативната историја на ретро-футуристички свет од 1950-тите. Плотот ќе биде тој што го знаеме, но приказните што се кажани во игрите во глобала овде ќе ги нема.

Howard зборуваше како сака да направи нешто повеќе од оваа франшиза која што годинава славеше 25 години. Најмногу сакал да го прошири универзумот со тоа што тешко му било кога мислел дека 10 години веќе се пробува да се направи некоја адаптација и никогаш не успева да се направи…

“When people wanted to make a movie they wanted to tell the story of Fallout 3 or tell the story of Fallout 4, and it was meh. For this it was, ‘Hey let’s do something that exists within the world of Fallout.'”

Howard за Eurogamer

Хауард додаде: “Let’s tell a story here that fits in the world that we have built, doesn’t break any of the rules, can reference things in the games, but isn’t a retelling of the games.” Во октомври, тој исто така зборуваше за филмски замисли што ги слушал низ годините во промотивното видео за серијата, истовремено објаснувајќи зошто неговото студио верува во Jonathan Nolan од Westworld и Lisa Joy да ја продуцираат адаптацијата.

Ова интервју, исто така, даде увид во Elder Scrolls 6 и Stafield, продажбата на неговата компанија на XBOX, и нивната во-работна и жанровски пркосна игра на Indiana Jones. Howard исто така, појасни дека неговата улога во играта на Indiana Jones е повеќе за „надзор“ на играта, наспроти тоа да биде директно вклучен на дневна основа.

Актерската екипа на Fallout’s се: Kyle MacLachlan, Xelia Mendes-Jones, Aaron Moten, Ella Purnell и Walton Goggins.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во неодамнешното финансиско ажурирање, извршниот директор на Ubisoft откри дека компанијата вложила повеќе пари и напор во маркетингот на Star Wars Outlaws од која било друга игра на Ubisoft досега објавена. Тој, исто така, истакна дека компанијата очекува силно лансирање врз основа на „позитивното расположение на заедницата“ што го циркулира проектот.

Сепак, неодамнешното видео за игра што се појави на интернет предизвика негативни повратни информации врз основа на тоа колку „неисполирано“ изгледа играта – и таа се појавува на пазарот за само еден месец.

За Ubisoft скап паркетинг означува успех!

За време на неодамнешниот повик за заработка, Ив Гилемот, долгогодишниот извршен директор на Ubisoft, изјави:

Она што го земаме предвид е силно лансирање на „Star Wars Outlaws“. Тоа е фактот дека е меѓу најочекуваните игри во индустријата оваа година и одразува навистина силно позитивно расположение на заедницата, а исто така и фактот дека доаѓаме со најголемата маркетинг кампања досега за игра на Ubisoft.

Би било интересно да се видат бројките, бидејќи некои наслови на Ubisoft, како што е Watch Dogs од 2014 година, имаа маестрални маркетинг кампањи кои вклучуваа обемни трејлери, CGI, билборди, рекламни спотови и многу повеќе. Некои проценки ги ставаат маркетиншките буџети за насловите на Assassin’s Creed во стотици милиони долари. За споредба, не се чувствувам како „Star Wars Outlaws“ да уживаат во таа плодна маркетинг кампања.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!