Трејлерот за Grand Theft Auto 6 е еден од најпопуларните трејлери за видео игри што некогаш се објавени. И сега, возбудата е толку голема за играта што дури има луѓе што го рекреираа трејлерот за играта во реалниот живот!
Јутјуберот Andrew Levitt објави видео користејќи снимки од реални вести, како и снимки снимени од нивна страна за да се рекреира трејлерот од почеток до крај. Тоа значи дека не се прикажани само главните ликови Лусија и Џејсон, туку се појавува и Џокерот од Флорида, Каренот со Чеканите, алигаторот во базенот и многу повеќе…
Се разбира, има некои мали разлики помеѓу двата трејлера, но тоа не значи дека сè уште не е импресивно уметничко дело.
Погледнете го трејлерот и направете си разлика колку има реалниот живот и самата игра… Се е исто до милиметер… Какви ѕверови се Rockstar Games!
GTA 6 во моментов е планирано да се лансира за PlayStation 5 и Xbox Series X|S некаде во 2025 година.