„Ворнер Брос“ треба да го објави првиот целосен трејлер за претстојниот филм „Mortal Kombat 2“ денес. Но, за да ги задоволат фановите дотогаш, студиото објави краток тизер трејлер во кој се појавува омилената акциона ѕвезда, Џони Кејџ.
Тизерот, кој можете да го погледнете подолу, дава прв поглед на Карл Урбан како легендарниот лик. Заедно со Урбан како Кејџ, другите нови ликови во филмот се Китана, Шао Кан, Џејд и кралицата Синдел. Исто така, ќе има и повеќе филмски дебија кои сè уште не се објавени.
„Mortal Kombat 2“ е закажан да излезе на 24 октомври 2025 година. Се работи за продолжение на „Mortal Kombat“ од 2021 година, кој беше објавен истовремено во кино и на HBO Max поради тогашната пандемијата.
Вториот филм од обновената франшиза го следи самиот турнир во Мортал Комбат каде што Земјата е во опасност да го изгуби својот 10-ти турнир по ред. Доколку тоа се случи, Шао Кан ќе ја нападне планетата и ќе ја преземе. Исто така, ќе има повеќе во долгогодишната битка помеѓу Скорпион и Саб-Зеро.













