Гејминг Натпревар во Диско! – Red Bull Campus Clutch 2022

На 6 ноември во скопскиот клуб Станица 26 се одржа националното финале на Red Bull Campus Clutch 2022 во кое го добивме тимот кој ќе патува на големото глобално финале во Бразил! Авантура и натпревари кои што нема да ги заборават до крајот на нивните животи! Млади дечки од Македонија кои што се огромни фанови на играта Valorant ќе си ги остварат соновите на млади години и ќе се борат против најдобрите во светот! Порано студентите можеби немаа време за ништо освен за учење, денес се борат на светско во видео игри!

После два напорни квалификациони дена (4 и 5 ноември), во кои се изнагледавме тесни, тешки и динамични партии, неизвесни битки и многу неочекувано-очекувани потези, дојде денот за големото национално финале во кое се сретнаа екипите на BRAZIL BOUND и ZOOMERS. Две екипи со млади дечки кои што најголема пасија им е нормално Valorant, а потоа и нивните студии. Партиите беа пеколно добри за гледање и двата тима го оставија срцето во тој прекрасен ноќен клуб кој што овој пат беше повеќе од клуб!

Eкипата на Brazil Bound со фокусирана игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0. Многу интересен резултат оваа година бидејќи е втор во буквално исто време за Македонски играчи! Во скоро исто време нашиот Мартин “Saksa” Саздов со неговиот тим Tundra победија во финалето на The International со резултат од 3:0. Или да цитираме еден наш познат коментатор “Тројка! Леле луѓе што направивме!

Патот до успехот нема тајни, туку е полн со предизвици, за чие остварување потребна е напорна работа и 100% посветеност. Во нашиот случај, успехот се должи на долгогодишно искуство во играње Valorant и CS:GO. Оваа победа и учеството на глобалното финале во Бразил во месец декември е одлична прилика за секој од нас, поединечно и тимски, но пред сè неповторлива шанса да ја донесеме светската Red Bull Campus Clutch титула во Македонија. За крај, како што би кажале бразилците Vamos Makedonija!

Следно на агендата на BRAZIL BOUND е претставување на Македонија на глобалното финале во Бразил кое ќе се одржи во месец декември. Ние фановите ќе ги бодриме нашите BRAZIL BOUND во студените денови, но они ќе си уживаат во летни температури! Македонците сакаат сонце и се гордеат со сонцето, затоа ќе ги грее и до победа! Мора да имаме и финалисти во Valorant!

Да им посакаме среќа и успех во борбата за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Во нов блог пост денес, се објави првиот бран на наслови кои доаѓаат на XBOX Game Pass во мај 2024 година, како и Have a Nice Death, кој е достапна од денес.

За жал, првиот бран додава само уште четири игри покрај Have a Nice Death. Претстојните наслови до 14 мај ќе вклучуваат:

  • Tomb Raider: Definitive Edition – May 2nd
  • Kona II: Brume – May 7th
  • Little Kitty, Big City – May 9th
  • Brothers: A Tale of Two Sons – May 14th

Во меѓувреме, денешниот блог пост споменува дека двојно повеќе наслови ќе заминат на 15-ти мај, вклучувајќи ги и оние како Eiyuden Chronicle Rising и Just Cause 4 Reloaded.

Tomb Raider: Definitive Edition е секогаш добредојден додаток, но како Brothers: A Tale of Two Sons, тоа е повратен избор на Game Pass.

Претходно овој месец, XBOX исто така објави дека Shadow of the Tomb Raider Definitive Edition доаѓа и на априлскиот Game Pass. Значи, нема многу свежа IP адреса и има помалку наслови од вообичаено. Првиот бран на наслови на Game Pass во мај 2024 година на крајот претставува малку затишје за претплатниците.

Little Kitty, Big City е лансирање на првиот ден, а Game Pass често блеска со повеќе лансирања од првиот ден. Но, Little Kitty, Big City секако се чини дека е наменет за тесна публика, или помлади играчи или општи љубители на животни. Во најмала рака, обожавателите можеби ќе ценат што повеќе инди се придружуваат на библиотеката.