Ubisoft имаат нов креативен директор за Far Cry

Ветеранот од Ubisoft кој до сега беше на функција писател и дизајнер на наратив, Drew Holmes, од сега ќе биде на најглавната функција за Far Cry IP-то како Креативен Директор на сите идни проекти.

Holmes, кој претходно служеше како наративен директор за франшизата, ја сподели веста за неговото унапредување на неговиот LinkedIn профил, откривајќи дека е унапреден во директор на IP за Far Cry.

“It’s been an exciting few months… I’m happy to share that I’m starting a new position as IP Director of Far Cry at Ubisoft! We have big things in store 🙂 Don’t hesitate to reach out if you want to be a part of the next evolution of this great brand!”

Извадок од LinkedIn на Drew Holmes

Holmes како наративен директор има работено на Far Cry: New Dawn и Far Cry 5 што се едни од подобрите Far Cry игри до сега направени. Пред тоа, тој беше главен писател за BioShock Infinite на Irrational Games и работеше на првите три игри на Saints Row во Volition.

Според извештаите за медиумите од претходно оваа година, Ubisoft моментално работат на Far Cry 7 и Мultiplayer Far Cry игра. Се вели дека и двата наслови се привремено закажани за објавување во есен 2025 година. Far Cry 6, кој беше објавена во 2021 година, вклучуваше онлајн кампања, но немаше конкурентна мултиплеер компонента.

Поранешниот креативен директор на Far Cry, Dan Hay, го напушти Ubisoft во 2021 година по една деценија во неговото студио во Монтреал, каде што беше заслужен за надгледување на серијата во нејзиниот најпросперитетен период. Тој сега се насочува кон новата сурвајвл на Blizzard.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Штотуку беше објавено дека Саудиска Арабија ќе стане земјата каде што ќе се прават Олимписките Игри во Е-Спорт од 2025 година. Ова значајно откритие доаѓа по 12-годишниот договор потпишан меѓу IOC и Саудиската федерација за Е-Спорти. Во моментов, Светското првенство за е-спорт се одржува во Ријад, но Олимписките игри за еспорти ќе бидат нешто сосема друго.

Ова е резултат на соработката меѓу Томас Бах, претседателот на IOC, и HRH Prince Abdulaziz, министер за спорт во Саудиска Арабија.

Пишување историја

IOC имаа идеја за воведување на е-спорт на Олимписките игри, но зошто да го направите тоа кога можете да создадете сосема нов настан фокусиран на уникатната, дигитална индустрија?

Во изјавата за LinkedIn, Ралф Рајхерт, извршен директор на Фондацијата за Светски куп за еспорти, изјави:

Репрезентациите и гордоста сè уште се недоволно развиени во е-спортот, но сигурен сум дека ова ќе се промени со текот на времето. Ова е голем чекор за спортот, не толку за краткорочното влијание, туку за долгорочната перспектива.

Со оваа огромна зделка ќе се одржат првите олимписки еспортски игри во Саудиска Арабија следната година. Зборувајќи за партнерството, Томас Бах од IOC се осврна на некои клучни грижи во врска со поставувањето: „Со партнерството со саудискиот NOC, ние исто така обезбедивме почитување на олимписките вредности, особено во однос на насловите на играта на програмата, промоција на родовата еднаквост и ангажман со младата публика, која го прифаќа е-спортот“.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!