Трејлерот за GTA 6 официјално срушти три светски рекорди, кои беа откриени од Гинисовата книга на Светски рекорди.
Трите светски рекорди соборени од трејлерот за GTA 6 се:
- Најгледаното видео за отркиување на Видео Игра на YouTube за 24 часа – 90.421.491 прегледи
- Најлајкуваниот трејлер за Видео Игра на YouTube со 8,9 милиони лајкови само во првите 24 часа
- Најгледаното видео на YouTube во 24 часа (кое не е музика)! Рекорд кој претходно го држеше MrBeast
Во моментот на пишување, трејлерот за GTA 6 собра неверојатни 106 милиони прегледи, и целосно ја победи гледаноста на трејлерот на GTA 5 кој што моментално има 101 милиони гледања. Трејлерот за GTA 6 моментално е најгледаното видео на каналот на Rockstar Games.
Rockstar Games го објави трејлерот многу предвреме на 4 декември 2023 година, околу 15 часа порано по онлајн протекувањето на трејлерот. Протекувањето се уште не е утврдено од кого е направено и се трага по личноста, но сепак тоа видео имаше огромен “Bitcoin Watermark” на него.
Во соопштението по најавата за играта, беше потврдено дека GTA 6 ќе биде лансирана на PlayStation 5 и Xbox Series S|X, но немаше споменување за издавање на PC. GTA 6 е на пат да биде најбрзо продаваната игра на сите времиња, рекорд кој го држи GTA 5 со импресивни 16,5 милиони единици за три дена – што е еквивалентно на 1 милијарда долари приход…