The Wolf Among Us 2 е Одложена до 2024 година

The Wolf Among Us 2 е одложена и се чини дека нема да ја играме уште долго време. Еден од најомилените наслови на Telltale Games е „Wolf Among Us“, која е заснована на графички роман кој замислува како би биле куп класични ликови од басни кога би постоеле заедно во жесток, полуприземјен свет. Играте како Bigby Wolf (Тhe Big Bad Wolf) кој работи како шериф во соодветно именуваниот Fabletown и има задача да истражи и реши серија убиства што ве запознаваат со голем број други иконски ликови во овој свет. Тоа е навистина забавно гледање на жанрот Noire и иако не беше најголемиот комерцијален хит, особено кога ќе се спореди со другите игри на Telltale, беше добро прифатен и фановите бараа повеќе. По долгогодишно чекање, конечно беше потврдено дека е на пат во 2019 година.

Иако го добивме повременото ажурирање, беше релативно тивко во однос на тоа што се случува со The Wolf Among Us 2. Претходно беше планирано да излезе во 2023 година, но тоа повеќе нема да биде така. И покрај цели 9 месеци до крајот на годината, Telltale не се обврзува да го изнесе продолжението навреме за оваа година. Наместо тоа, играта е на списокот на Telltale за 2024 година и доцнењето е да се осигури дека тимот ќе може да избегне криза додека сè уште ќе го инвестира времето потребно за да ја направи играта она што треба да биде. Telltale исто така ги менува енџините од Unreal Engine 4 на 5. Извршниот директор на Telltale Games – Jamie Ottilie, зборуваше за IGN за целиот процес и истакна дека го разбира притисокот зад оваа игра, но сакаше да обезбеди тимот да го балансира нивното здравје во исто време.

“If we put this game out and it’s not ready, we’re going to get torn to shreds. The expectations are pretty high, and we want time to meet those and we want to be proud of it and know that, ‘Hey, this is the best game we could have made.’ Let the world say what they will [once] it’s done, but at least we know that in these times, in these conditions, this is the best game that we could make.”

Telltale Games CEO Jamie Ottilie за IGN

Засега, останува да се види што ќе дојде од The Wolf Among Us 2. Играта се прави како епизодна серија уште еднаш, но Telltale потврди дека ја развива целата игра одеднаш. Тоа значи дека кога ќе излезе првата епизода, остатокот од нив веќе ќе биде во конзерва и ќе биде подготвен за лансирање како што сака Telltale.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!