Се отвараат вратите на Колосеумот во Elden Ring

FromSoftware и Bandai Namco го прикажаа следниот бесплатен Update за Elden Ring кој ќе се објави на 07.12.. Со тоа ќе се отворат претходно заклучените колосеуми на играта, давајќи им на играчите целосно нови места и „нови PvP верзии”. Многумина ќе се вратат во Elden Ring специјално за PVP да можат да се борат баш како што треба, во колосеум! Како прв гладиатор!

Издавачот Bandai Namco најави во видеото кое го промовираше ажурирањето на Колосеум дека арените во Limgrave, Leyndell и Caelid „ќе ги отворат своите порти, дозволувајќи им на играчите да се вклучат во битки како што се дуели, 1v1 и тимски борби“. Трејлерот ги прикажува играчите вклучени во тие активности и битките два-на-два кои вклучуваат Spirit Ashes.

FromSoft го отвори патот за побалансирано PvP во октомври со верзијата 1.07 за Elden Ring, која додаде посебно скалирање на комбатот за PvP – оружјето, магиите, штитовите и другите аспекти на борбата сега може да се избалансираат за тепање со еден играч или co-op. Претходно, FromSoftware се обиде да ги балансира оружјата, вештините, магиите но сепак некои чудни подобрувања направија што не беа толку многу сериозни.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.