Протекоа многу детали за Assassin’s Creed Red

Во едно неодамнешно видео во кое се дискутира за сложеноста на Assassin’s Creed Red, истакнатиот протекувач на видео игри, а посебно на Assassin’s Creed франшизата „j0nathan“ зборуваше за некои клучни детали за претстојниот наслов на Ubisoft. Тој откри низа инсајдерски информации кои ни помагаат подобро да разбереме како ќе изгледа Assassin’s Creed Red и – уште поважно – како ќе се чувствува да се игра.

Оваа вест доаѓа само еден ден откако се откри идентитетот на двојните протагонисти на Assassin’s Creed Red – вклучувајќи го и Yasuke, уникатен африкански телохранител кој стана Самурај кој всушност постоел некогаш во минатото. Има многу добри видеа каде што се раскажува неговата приказна и ви предлагам да погледнете неколку работи поврзани со неговата приказна.

Во видеото на j0nathan се откриваат неколку важни нови детали. На пример, нагласено е дека AC Red ќе има „помалку клучни места на мапата“, што повеќе ќе се наклони кон активно истражување на мапата за откривање цели. Тоа беше опционална карактеристика во Assassin’s Creed уште од Origins, но можеби Ubisoft повеќе се насочува кон тоа да го направи својствена механика.

Наводно, мапата на Assassin’s Creed Red ќе биде „поголема од онаа на Valhalla, но помала од онаа на Odyssey“, што значи дека ќе биде прилично огромна, веројатно вклучува огромна количина на Јапонија.

Исто така, има широк спектар на нови механики за играта кои беа објавени од j0nathan во неговото видео:

  • Граплинг Хука – Слично на тоа како што има во Sekiro и Ghost of Tsushima
  • Различни стенсови на движење, со способност да се оди и да се ползи низ тревата
  • Подобро Криење (Stealth System), при што играчот може да ја искористи темнината и да создаде темни точки за да се скрие во сенките
  • NPC’s можат да се бранат многу подобро од кога било досега
  • Ќе има функција која ќе му овозможи на играчот да „регрутира“ одредени непријатели за да функционираат како шпиони
  • Naoi (женскиот протагонист) ќе користи кунаи, шурикен, димни бомби и ѕвона, што веројатно сугерира дека ќе биде многу поагилен, поскрен лик од Yasuke, за кој историски се наведува дека е силен – дури и дека е вешти во сумо борење

Беше кажано и дека графиката ќе биде подобра од претходните игри, што значи дека е вложена значителна работа, бидејќи Assassin’s Creed Valhalla, најновата главна игра во серијата, се пофали со раскошни визуелни елементи.

Сè уште не е познато кога Assassin’s Creed Red ќе биде објавена, но се очекува дека ќе дојде во одреден момент во 2024 година.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…