Идемееее!!!
Rockstar Games откри дека трејлерот за GTA 6 ќе се појави на 5 декември во 15 часот, ставајќи крај на шпекулациите за тоа кога, каде и како ќе биде објавен. Пред само неколку недели легендарната фирма објави дека ќе ја открие следната генерација на Grand Theft Auto во декември, а сега, знаеме кога.
Трејлер! Конечнооо!!!
Rockstar Games го објави трејлерот многу предвреме на 4 декември 2023 година, околу 15 часа порано по онлајн протекувањето на трејлерот. Протекувањето се уште не е утврдено од кого е направено и се трага по личноста, но сепак тоа видео имаше огромен “Bitcoin Watermark” на него.
Во соопштението по најавата за играта, беше потврдено дека GTA 6 ќе биде лансирана на PlayStation 5 и Xbox Series S|X, но немаше споменување за издавање на PC. GTA 6 е на пат да биде најбрзо продаваната игра на сите времиња, рекорд кој го држи GTA 5 со импресивни 16,5 милиони единици за три дена – што е еквивалентно на 1 милијарда долари приход…