LEGO најави Back to The Future DeLorean Time Machine сет

После многу долго време на чекање LEGO конечно направи сет од Back to The Future. Сетот ќе биде познатиот DeLorean DMC-12 автомобил од 1981 година кој што беше претворен во временска машина за серијалот Back to the Future. Сетот кој е нумериран како 10300 Back to the Future Time Machine ќе содржи 1,872 парчиња и нормално фигурчиња од Doc Brown и Marty McFly. Кој ќе сака да си го порача тоа ќе може да го стори на страната на LEGO за цена од $169.99 со почеток од 5am CET на 31ви март. Кој ќе сака да го порача ќе треба да има брзо прсти бидејќи овој сет ќе биде многу купуван од страна на колекционери и LEGO фанатици.

The Back to the Future Time Machine LEGO set features a Flux Capacitor that lights up, opening gull-wing doors, tires that fold for flight mode, printed dashboard dates, an opening hood, swappable license plates (OUTATIME), and a hoverboard accessory. But that’s not all! You can build the Back to the Future DeLorean LEGO set in 3 configurations that are based on the film

Синопсисот на сетот

Сетот ќе може да се формира во 3 различни верзии. Тоа ги прават 3те уникатни верзии кои што се појавуваат во трите филма од франшизата.

  • The Original Time Machine: Add the lightning rod and plutonium chamber from the 1985 film.
  • The Future is Here: You can add Mr. Fusion and the fold-down hover conversion tires featured in Part II.
  • Back to the Ol’ West: Add whitewall tires and the hood-mounted circuit board from Part III.

Ова беше неверојатно возбудлив проект за соработка со групата LEGO – од Easter eggs кои климнуваат на секој од трите филмови од франшизата, до иконските елементи од DeLorean Time Machine како Mr. Fusion, до правење на Doc Brown и Marty McFly во мини фигури. На фановите ова ќе им се допадне бидејќи ќе се вратат во времето.

Joe Lawandus – Senior Vice President and General Manager, Global Toys and Hardlines for Universal Brand Development

Дали сте фанови на LEGO сетови и како ви се допаѓа овој прекрасен сет кој што долго време го чекаат LEGO колектори и фанатици? Напишете ги вашите одговори во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Оваа недела Xbox одбележува 25 години од своето постоење. По тој повод, извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, објави долга објава на X, во која ја опиша долгата историја на Microsoft во гејминг-индустријата, која започнува многу пред објавувањето на првата конзола Xbox на 15 ноември 2001 година. Сепак, иако најголемиот дел од објавата наликува на вообичаените блог-текстови по повод годишнини од раководители во гејминг-индустријата, последниот дел навестува дека компанијата би можела да тргне во нов правец со најконтроверзната технологија во моментов – генеративната вештачка интелигенција.

„Иако современите игри ги покажуваат највисоките достигнувања на човечката креативност на начини што пред само неколку децении беа незамисливи, трошоците, ресурсите и ризиците потребни за нивно создавање пораснаа исто толку драматично“, напиша Шарма. „Како резултат на тоа, премногу идеи никогаш не стануваат игри, а премногу игри не го достигнуваат она што нивните креатори го замислиле. Со децении, ова беше неизбежниот компромис при остварувањето амбициозни проекти. Мораме да го промениме тоа.“

Шарма неодамна ја опиша гејминг-дивизијата на Microsoft како „нездрава“ и изјави дека Xbox се наоѓа во процес на „рестартирање“, кое веќе доведе до отпуштање на повеќе од илјада вработени и продажба на неколку омилени студија, меѓу кои и Double Fine.

Следниот пасус на Шарма дава одреден увид во тоа како компанијата планира да ја промени ситуацијата. „Низ човечката историја, обемот на она што можевме да го создадеме зависеше од луѓето, капиталот и ресурсите со кои располагавме“, продолжи Шарма. „Таа поврзаност почнува да се менува. Едно лице наскоро ќе може да располага со можности за кои некогаш беа потребни цели нации. Мал тим ќе може да создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари. А нашите најголеми студија ќе можат да реализираат амбиции што далеку ги надминуваат денешните игри, исто како што Microsoft Flight Simulator 2024 е далеку понапреден од првото издание во 1982 година.“

Иако Шарма внимателно избегна директно да го употреби терминот „вештачка интелигенција“, идејата дека „мал тим“ ќе може да „создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари“ изгледа остварлива единствено во контекст на оваа технологија. Современите ААА-видеоигри обично бараат сè поголем број програмери, а како резултат на тоа, трошоците за нивниот развој постојано растат низ целата индустрија.

Искуството на Шарма со вештачката интелигенција

Откако Шарма беше назначена за нова извршна директорка на Xbox, многумина почнаа да шпекулираат дека гејминг-дивизијата на Microsoft со текот на времето сè повеќе ќе се потпира на вештачката интелигенција. Пред да ја преземе сегашната функција, Шарма беше корпоративна потпретседателка за видео во Microsoft и раководителка за производи во рамките на платформата за вештачка интелигенција, а потоа ја предводеше организацијата CoreAI за развој на производи во компанијата.

Во услови на постојани критики кон генеративната вештачка интелигенција поради нејзиното потенцијално негативно влијание врз работните места, уметничкото изразување и животната средина, Шарма се обиде да ја намали важноста на своето претходно учество во развојот на оваа технологија. Во блог-објава од февруари, таа изјави: „Како што се развиваат монетизацијата и вештачката интелигенција и влијаат врз оваа иднина, нема да бркаме краткорочна ефикасност ниту ќе го преплавиме нашиот екосистем со бездушна содржина генерирана од вештачка интелигенција. Игрите се и секогаш ќе бидат уметност, создадена од луѓе и со помош на најиновативната технологија што ја обезбедуваме“.

Сепак, на 13 октомври, таа го најави Xbox Labs, експериментална дивизија инспирирана од неодамнешниот бран проекти за декомпајлирање, пренесување и модифицирање игри, потпомогнати од вештачка интелигенција. И покрај тоа што оваа група недвосмислено се занимава со код генериран од вештачка интелигенција, Шарма успеа ниту еднаш да не го употреби зборот „AI“ во објавата со која го претстави тимот.

Најновата блог-објава на Шарма е доста слична, бидејќи ги опишува промените во индустријата за видеоигри предизвикани од генеративната вештачка интелигенција, без директно да ја именува технологијата. Иако многу играчи со право не ја одобруваат употребата на генеративна вештачка интелигенција при создавањето игри, нејзината употреба за пишување или помош при создавање програмски код тивко стана дел од софтверската индустрија.

Истражувањето на Stack Overflow за 2025 година, во кое беа опфатени случувањата во текот на годината, покажа дека 84 отсто од анкетираните софтверски програмери користат алатки за вештачка интелигенција во одредена форма. Иако сè уште постои надеж дека оваа ситуација би можела да се промени преку законски регулативи или други механизми, се чини дека повеќето големи гејминг-компании ќе продолжат да се потпираат на генеративната вештачка интелигенција сè додека не дојде до некаква значајна промена.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!