Корејската игра Project M се уште има револуционерен дизајн, и сè уште нема конечно име

Јужнокорејската игра со работното име Project M, може добро да се спореди со Max Payne поради нејзиниот систем за криење и движење, веројатно земено од Matrix. Сега имаме уште една споредба – во новиот гејмплеј кој што беше пуштен денес, играта сега дава многу интересни дизајн елементи кои што сме ги виделе во франшизата на Resident Evil.

Издавачот NCsoft прикажа дел од играта, сместена во луна парк, каде главниот лик тепа некои луди противници. Нема крв, нема мутирања, но мора да признаете дека сето тоа изгледа малку како поновите верзии на игрите од Resident Evil франшизата. Во исто време, сепак изгледа многу детално и убаво, како што можете да видите на видеото подолу.

[CODENAME] Project M инаку е замислена како акциона авантура со елементи на интерактивна драма. Кога не го контролираме директно главниот лик, ќе носиме одлуки кои ќе влијаат на насоката на неговата приказна. Тематски, ова е еден вид Sci-Fi, а светот во оваа игра се состои од информативни честички кои можат да симулираат време и простор, односно реалноста во која се наоѓаме. Оној кој манипулира со овие информативни честички може да прави чуда – со повикување портали.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…