Авантуристичката SF игра ‘The Invincible’ направила премала продажба

The Invincible беше премногу ветувачка игра која што требаше да биде нешто големо иако се работи за нешто од помало студио. Зад неа стоеше интригантна приказна базирана на роман на познатиот полски автор Станислав Лем. Таа изгледаше прекрасно и стилски и технички. Реакциите на играчите на демото пред објавувањето беа позитивни. Сепак, од финансискиот извештај на издавачката куќа 11 Bit Studios (најдоброто Инди студио во светот) дознаваме дека играта барем засега е комерцијален неуспех…

Оваа научно-фантастична авантура излезе на почетокот на овој месец ноември, и досега има заработено помалку од половина милион долари гледајќи ги приходите од продажбата на дигитални копии. Бидејќи буџетот за развој на играта достигна 4,2 милиони долари, јасно е дека дебито на Starward Industries е далеку од успешен производ.

Не помогнаа ниту позитивните оценки на Steam, каде играта ја препорачуваат 90% од публиката што ја играше.

Потенцијалниот виновник за толку слабиот резултат на The Invincible би можел да се бара во датумот на објавување… Имено, играта беше објавена не многу по редот на наслови во десеттиот месец, односно во исто толку преполниот почеток на овој месец. Бидејќи практично можете да го завршите во едно седење, а чини 30 евра, очигледно е зошто играчите не брзаа да ја купат играта…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…