Боречката ѕвезда John Cena се приклучува на списокот на карактери кои доаѓаат во Fortnite! Зошто доаѓа во Fornite?! Пошто си може!
Огромно популарниот борач кој стана филмска ѕвезда ќе се придружи на батлројалот на Epic Games како дел од промоцијата на WWE која исто така ги опфаќа Rocket League и Fall Guys на издавачот. Денешното соопштение доаѓа само неколку дена откако поранешниот шеф на WWE, Vince McMahon, го објави своето повлекување од компанијата, поради повеќекратните тврдења за сексуално недолично однесување.
Cena ќе пристигне во продавницата за артикли на Fortnite од 02:00AM во петок, 29-ти јули, со разни додатоци, вклучително и неговиот заштитен знак U Can’t C Me taunt as emote. Во Fall Guys, стилизираните верзии на ѕвездите на WWE, The Undertaker, Xavier Woods и Asuka се придружуваат на продавницата оваа недела, додека налепниците тематски околу Cena и Roman Reigns ќе паднат во Rocket League.
Интересно е да се види дека Epic ја лансира оваа промоција на сите три свои големи игри со услуги во живо одеднаш и резервира уште една голема ѕвезда за својата кутија за играчКИ Fortnite.