Rockstar Games ја претставија корицата за GTA 6 и најавија пред-нарачки
Марио Спасевски
18 јуни 2026
3 Минути
2428
Grand Theft Auto 6 денес доби убаво изненадувачко ажурирање. За жал, не е третиот трејлер она што фановите го очекуваа, но има некои возбудливи информации. Покрај најавата за пред-нарачки од Rockstar, конечно е откриена и корицата за GTA 6.
Како што е откриено на Икс, во трејлерот се објави дека пред-нарачките ќе започнат на 25 јуни на дигиталните продавници и „одбрани продавачи“. Корицата може да се види на официјалната веб-страница за Grand Theft Auto 6, но можете да ја видите и целата подолу:
Pre-orders for Grand Theft Auto VI will officially begin on June 25 on digital storefronts and at other select retailers.
Третото издание на WhatTheStack во шест дена ја собра ИТ заедницата од Македонија и Регионот со пет паралелни сцени на главниот конференциски ден и програма посветена на најактуелните теми во технологијата
Повеќе од 1.000 посетители во текот на шест дена беа дел од третото издание на WhatTheStack, меѓународната ИТ конференција која од 14 до 19 септември го поврза технолошкиот сектор во Скопје со предавачи, инженери, програмери и ентузијасти од Македонија, регионот и Западна Европа.
Годинешното издание опфати осум настани, почнувајќи од специјализирани предавања и практични работилници, па сè до главниот конференциски ден, кој на 19 септември се одржа на Техничкиот кампус на УКИМ.
Фото: WhatTheStack 2026
За разлика од претходните изданија, главниот ден оваа година за првпат се одвиваше на пет паралелни сцени, со програма која опфати повеќе области од современиот развој на софтверот и технологијата. Пред публиката настапија повеќе од 40 домашни и меѓународни предавачи.
Меѓу гостите беа Gerald Versluis од Microsoft, Elena Kolevska од Redis, Alexander Lichter од VoidZero и Nuxt, Santosh Yadav од CodeRabbit, како и експертката за веб-безбедност Ramona Schwering.
Покрај меѓународните гости, на конференцијата учествуваа и повеќе познати имиња од домашната технолошка заедница, меѓу кои Igor Trajkovski, Wekoslav Stefanovski, Stefan Andonov, Bojan Jakimovski, Dushko Klincharov и Miroslav Janeski.
Фото: WhatTheStack 2026
Програмата беше поделена на повеќе тематски области, со разговори и предавања за вештачката интелигенција, софтверската архитектура, веб-технологиите, инфраструктурата, сајбер-безбедноста и инженерската култура.
Фокусот, сепак, не беше само на предавањата. По завршувањето на сесиите, посетителите продолжија со разговори и размена на искуства во изложбениот простор и зоните за дружење, а конференцискиот ден заврши со забава.
WhatTheStack оваа година не беше ограничен само на еден конференциски ден. На главниот настан му претходеа пет дена работилници и тематски настани, од 14 до 18 септември, меѓу кои pre-DevFest, MAUI Day и Angular Day.
Фото: WhatTheStack 2026
Со тоа, третото издание на WhatTheStack повторно ја прошири својата програма од класична конференција во цела недела посветена на учење, практична работа, размена на искуства и поврзување на луѓето од технолошкиот сектор.
„WhatTheStack ја градиме од заедницата, за заедницата, заедно со луѓето што доаѓаат, предаваат, волонтираат и ја поддржуваат. Над 1.000 посетители во текот на една недела покажуваат колку е голема и активна оваа заедница. Благодарни сме на сите што беа дел од третото издание“, велат организаторите.
Конференцијата ја организираат невладините организации Base42, DeveD и Angular Macedonia, со поддршка од факултети, технолошки заедници, компании, партнери и волонтери.
Фото: WhatTheStack 2026
Главниот конференциски ден беше реализиран во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет.
Со третото издание, WhatTheStack продолжува да се развива како место каде што домашната технолошка заедница може директно да се поврзе со професионалци и експерти од странство, но и како простор за споделување знаење и искуства меѓу луѓето кои работат во различни делови од ИТ индустријата.