Crytek уште во јануари објавија дека работат на Crysis 4 и дека проектот е во „раните фази“ на развој. Оттогаш, компанијата остана тивка за продолжението, но оваа недела, студиото откри дека играта сега има нов режисер/директор.
Откриено на Twitter вчера, директорот на играта Hitman 3 од IO Interactive, Mattias Engström, ќе биде главен за Crysis 4. Интресно е што Crytek објавија дека немаат време за губење и он започнува со работа буквално оваа недела. Е тоа се вика желба за работа.
Engström е одлична добивка за Crysis 4, особено ако се земе предвид колку добро испадна играта Hitman 3. Ова е интересна комбинација и сега има доста играње. Доколку не сте ја играле Hitman 3 тоа е MUST PLAY, а сега имате и ремастер верзии на Crysis игрите што е супер добивка.