CD Projekt го најави продолжението на Cyberpunk 2077

Креаторите на Cyberpunk 2077 – CD Projekt работи на продолжение на играта Cyberpunk која моментално се нарекува „Project Orion“. Овој нов Cyberpunk проект дојде како изненадувачка најава од настан на инвеститори на CD Projekt каде беа споделени доволно детали за да се потврди постоењето на проектот и фактот дека ова е навистина продолжение на првиот дел. Предвидено е да го развиваат CD Project Red како што самите они си потврдија.

За многумина кои веројатно не го следеа настанот на инвеститорите, Твитер профилот на CD Project за вакви работи објави слајд од презентацијата во која се зборува за Project Orion. Меѓутоа, тој содржеше малку друго освен информациите кои се веќе опфатени.

Cyberpunk 2077 sequel that will prove the full power and potential of the Cyberpunk universe”

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN