Amazon ќе ги купи ЕА

Amazon се во големи преговори да ги купат Electronic Arts, според новиот извештај на USA Today’s For the Win! Извештајот тврди дека извори ѝ укажале на GLHF, шведската медиумска компанија која го објавува For the Win на USA Today, дека Amazon ќе објави официјална понуда за купување на Electronic Arts денес. Овој извештај следи по неколкумесечни извештаи и гласини за EA да се додворуваат од страна на Disney, Apple, и — да — Амазон.

Освен тоа што ќе биде објавено подоцна денеска, извештајот инаку е тенок за детали. Не се вклучени специфики за финансиските услови или слично. Исто така, вреди да се напомене дека David Faber од CNBC речиси веднаш излезе да изјави дека извори му рекле дека Амазон, всушност, нема да ја купи Electronic Arts. Можете да погледнете клип од појавувањето на Фабер на ТВ вградено подолу:

“EA definitely has been out there a bit in the past at least considering what it might do… You could imagine Amazon might have some interest,” Faber says in the clip. “No, this is not going to happen today, is from what I’m hearing, unless the people who’d been involved previously have no idea.”

Извештајот од мај за купувањето на Electronic Arts за купувач конкретно го наведе договорот од почетокот на оваа година што Мајкрософт го склучи за купување на Activision за 68,7 милијарди долари. Во основа, така што се продаваше Activision само ја заинтересира ЕА. „Неколку извори запознаени со овие разговори велат дека EA била упорна во продолжување на продажбата и само се охрабрила по договорот Microsoft-Activision“, напиша тогаш Dylan Byers од Pucks.

Засега ниту Amazon ниту Electronic Arts немаат кажано ништо официјално за аквизицијата. Портпаролот на EA сепак ја даде следнава изјава за Eurogamer: „Не ги коментираме гласините и шпекулациите во врска со [спојувања и превземања.]“.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Игрите на Electronic Arts, како Mass Effect, Dragon Age и The Sims, со години вклучуваат истополови романтични врски, но преземањето на компанијата од страна на приватниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), Affinity Partners на Џаред Кушнер и инвестицискиот фонд Silver Lake ги промени работите. На пример, на физичкото издание на The Sims 2 се прикажани различни Симс-ликови во неколку пози, меѓу кои и пар што се бакнува и вонземјанин. Во Саудиска Арабија, насловната илустрација била целосно изменета, па на неа биле прикажани неколку машки Симс-ликови со безизразни лица.

Преземањето на EA од страна на приватни инвестициски фондови предизвика загриженост кај илјадници обожаватели кои се залагаат за правата на ЛГБТК-заедницата. Многумина стравуваа за иднината на BioWare, не само поради неодамнешните проблеми на студиото, туку и поради неговиот прогресивен пристап кон видеоигрите. Иако ова не било причината за затворањето на BioWare, се чини дека EA и претходно барала од развивачите да ги ублажат ваквите теми за време на развојот на сега откажаната игра Mass Effect Universe.

Поранешни вработени во BioWare разговарале со новинар на француската телевизија BFM TV и откриле интересни детали за развојот на новата, откажана игра од серијалот Mass Effect. Еден од вработените, кој зборувал анонимно, изјавил дека новото раководство не било особено убедено во проектот Mass Effect Universe.

„Мислам дека видеопрезентациите што му ги прикажавме на новото раководство не беа убедливи“, објаснил вработениот. „Особено затоа што BioWare е познато по инклузивното раскажување приказни, што не помогна да се отстранат сомнежите.“

Анонимниот извор навел и конкретен случај во кој од развивачите било побарано да отстранат одредено знаме од презентациско видео бидејќи „премногу личело на знамето на ЛГБТКИА+ заедницата“. Целта, според барањето, била „да не се навреди никого“.

Во интервјуто не е наведено кој точно побарал да се отстрани знамето, ниту дали развивачите го исполниле барањето.

Темите и приказната во Mass Effect оставија силен впечаток кај многу играчи, вклучително и кај припадниците на маргинализираните заедници, кои во вселенскиот брод Нормандија и неговиот екипаж наоѓале безбедно прибежиште. Иако откажувањето на проектот од страна на EA е разочарувачко, уште полошо ќе било доколку компанијата го уништела она што BioWare со години се трудела да го изгради.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!