Amazon ќе ги купи ЕА

Amazon се во големи преговори да ги купат Electronic Arts, според новиот извештај на USA Today’s For the Win! Извештајот тврди дека извори ѝ укажале на GLHF, шведската медиумска компанија која го објавува For the Win на USA Today, дека Amazon ќе објави официјална понуда за купување на Electronic Arts денес. Овој извештај следи по неколкумесечни извештаи и гласини за EA да се додворуваат од страна на Disney, Apple, и — да — Амазон.

Освен тоа што ќе биде објавено подоцна денеска, извештајот инаку е тенок за детали. Не се вклучени специфики за финансиските услови или слично. Исто така, вреди да се напомене дека David Faber од CNBC речиси веднаш излезе да изјави дека извори му рекле дека Амазон, всушност, нема да ја купи Electronic Arts. Можете да погледнете клип од појавувањето на Фабер на ТВ вградено подолу:

“EA definitely has been out there a bit in the past at least considering what it might do… You could imagine Amazon might have some interest,” Faber says in the clip. “No, this is not going to happen today, is from what I’m hearing, unless the people who’d been involved previously have no idea.”

Извештајот од мај за купувањето на Electronic Arts за купувач конкретно го наведе договорот од почетокот на оваа година што Мајкрософт го склучи за купување на Activision за 68,7 милијарди долари. Во основа, така што се продаваше Activision само ја заинтересира ЕА. „Неколку извори запознаени со овие разговори велат дека EA била упорна во продолжување на продажбата и само се охрабрила по договорот Microsoft-Activision“, напиша тогаш Dylan Byers од Pucks.

Засега ниту Amazon ниту Electronic Arts немаат кажано ништо официјално за аквизицијата. Портпаролот на EA сепак ја даде следнава изјава за Eurogamer: „Не ги коментираме гласините и шпекулациите во врска со [спојувања и превземања.]“.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Оригиналната платформска игра со странично движење Super Mario Bros. нашироко се смета за една од најдобрите видеоигри на сите времиња, а долг е списокот со причини што го оправдуваат тоа мислење. Играта за NES го претвори Nintendo во име познато во секое домаќинство, а Mario во медиумска икона препознатлива колку и Мики Маус.

Видеоиграта од 1985 година помогна игрите да станат популарни меѓу пошироката јавност и го дефинираше платформскиот жанр. Super Mario Bros. и денес е една од најпродаваните видеоигри на сите времиња. Сепак, ако го прашате креаторот на серијалот, Шигеру Мијамото, ништо од ова навистина не го опишува најголемиот придонес на SMB во светот на видеоигрите.

Легендарниот дизајнер, познат по франшизи како Zelda и Donkey Kong, неодамна доби престижна јапонска културна награда, која вообичаено им се доделува на уметници како сликари и добитници на Нобеловата награда. Признанието беше проследено со долга прес-конференција исполнета со интересни анегдоти од речиси 50-годишната кариера на дизајнерот. Мијамото зборуваше за создавањето на Super Mario Bros., но и за своето гледиште за оваа пресвртна игра неколку децении по нејзиното објавување.

Клучот за успехот на Super Mario Bros.

Тој, на пример, се присети дека за основните дејства во серијалот размислувал преку идејата за „копно, море и воздух“ — односно трчање, летање и пливање.

„Кога бевме деца, гледавме низ прозорецот, покажувавме со прст и замислувавме луѓе како трчаат, летаат, паѓаат во реки… и слично“, рече Мијамото. „Во Super Mario навистина можете да го правите тоа.“

Потоа Мијамото се обиде да ја одреди онаа што ја смета за најголемата иновација во Super Mario Bros. — најинтересниот аспект на оригиналната платформска игра. „Марио всушност не се бори со Баузер“, рече Мијамото. „Вообичаено, ако на крајот има главен непријател, мора да се борите со него, нели?“

Мијамото откри дека, додека ја осмислувале играта, Nintendo имал проблеми со дизајнирањето класична битка со главниот непријател. „Сфатив дека, бидејќи ова е игра во која постојано трчате надесно, зошто да не направиме победник да биде оној што ќе стигне најдалеку надесно?“, се присети Мијамото. „Тогаш ми дојде една брилијантна идеја: ’Зошто едноставно да не го прескокнеме противникот наместо да се бориме со него?‘ Сè што треба да направите е да го прескокнете Баузер и тој ќе падне. Кога го испробав, ми беше изненадувачки забавно и навистина се израдував кога го сфатив тоа.“

Иако во поновите игри од серијалот Super Mario играчот навистина се бори со Баузер, Nintendo и понатаму тврди дека Марио не е насилен лик по природа. Дури и кога водоводџијата ги фрла Goomba-ите во бездната, некои играчи сметаат дека вечната борба меѓу Марио и Баузер е само сценска претстава. Ова суспендирање на неверувањето објаснува зошто двајцата наводни непријатели понекогаш се здружуваат во други видеоигри.

Секогаш кога Марио отстапувал од оваа дизајнерска филозофија — како кога добил пиштол во Mario + Rabbids Kingdom Battle — тоа обично било проследено со долги дискусии за тоа што е соодветно за ликот.

Во прилог на Мијамото говори фактот што, 41 година по објавувањето на Super Mario Bros., видеоигрите сè уште имаат проблеми со создавањето забавни битки со главните непријатели. Всушност, во повеќето видеоигри со голем буџет акцентот е ставен на борбата. Во таа смисла, оригиналната игра Mario и денес нуди необичен пристап кон решавањето конфликти.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!