Кралицата го продава својот златен Wii

Цена по договор

Многу добро познатиот и “one-of-a-kind” златен Wii кој што беше направен за кралицата моментално е ставен на аукција. Веројатно кралицата веќе е толку стара што ни Wii Sports и е многу за рекреација.

Оваа уникатна промотивна конзола беше направена од THQ уште во 2009 година како трик за лансирање на просечна колекција на мини игри. Издавачот славно се обиде да ја испрати конзолата до кралицата – иако таа никогаш не стигна до кралските раце. И тоа е многу тажно бидејќи 13 години кралицата имала нешто многу добро, а не го ни видела.

Сега, конзолата – која што е и многу уникатно парче од историјата на гејмингот и конзолите – е ставена на Аукциската страница Goldin. За време на пишувањето на овој текст се продава за само $2,000. Иако е интересна цена, замислете колку многу повеќе би коштала конзолата доколку кралицата навистина барем малку играла некоја Wii игра! И дали тогаш можеби тој што ќе ја купи станува дел од кралското семејство?

Приказната за златното Wii на кралицата беше добро хронизирана со текот на годините, особено од People Make Games, каде беше опишано како конзолата била брзо вратена на испраќачот од Бакингемската палата, а потоа си седела и си фаќала прашина некаде во THQ повеќе од една деценија.

“Presented here is the ultimate Wii collectible, commissioned especially for Her Majesty the Queen herself for a (somewhat goofy, and ultimately unsuccessful) marketing ploy, ‘The Golden Wii’,” the sale’s description reads. “The console and controller are both plated in 24 karat gold.

“Both exhibit minor handling wear, with the controller displaying scattered chips to the gold plating. The bundle includes the console, one controller, a copy of BIG Family Games, sensor bar, and all necessary cables. The Wii will come with a Letter of Provenance from our consignor attesting to its history and authenticity. Don’t miss your opportunity to own this truly one-of-a-kind Nintendo collectible! (Crown Jewels not included.)”

Ова не е првпат златното Wii на кралицата да биде ставено на продажба! Претходниот обид да се продаде конзолата преку eBay (за 300 илјади долари!) беше погоден од онлајн пазарот со сметање дека тоа е бизарна цена некој да плати за вакво нешто. И од тогаш некако ни трага ни глас за конзолата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Штотуку беше потврдено кој ќе го игра најголемиот дел од групата пријатели на Аби во The Last of Us за втората сезона која треба да ја видиме во 2025 година. Во моментов, снимањето за сезоната е започнато и најголемите улоги кои се снимаат моментално се со Педро Паскал и Бела Ремзи. Последни информации што знаеме за сниањето е дека се одвива во Канада. Денес, ликовите на Мани, Мел, Овен и Нора беа потврдени дека се избрани.

Ако сте ја играле The Last of Us Part II, ќе знаете точно кои се Нора, Мани, Овен и Мел. Тие играат прилично важни споредни улоги во играта од 2020 година, иако нивното место во втората сезона од серијата допрва треба да се преполни.

Еве го неодамна откриениот кастинг:

  • Manny – Danny Ramirez (Top Gun: Maverick)
  • Mel – Ariela Barer (Marvel’s Runaways)
  • Nora – Tati Gabrielle (Uncharted)
  • Owen – Spencer Lord (Riverdale)