Кои се следните Super Mario игри

Значаен и доста познат инсајдер на Nintendo изјави дека повеќе игри поврзани со серијалот на Super Mario треба да бидат објавени во иднина. Во овој момент, голем дел од она што Nintendo го развива со своите First Party студиа се чува скриено. Надвор од The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom и Pikmin 4, многу фанови на Nintendo не знаат што да очекуваат од издавачот во иднина. Меѓутоа, кога станува збор за главната маскота на Nintendo – Mario, изгледа дека Италијанскиот Водоводџија наскоро се враќа во многу нови наслови (па и стари).

Доаѓајќи од инсајдерот – Zippo, кој имаше неколку прецизни погодувања во минатото во однос на Nintendo, изјави дека во моментов се работи на неколку различни игри на Mario. За почеток, Zippo тврди дека нова, 2D игра на Super Mario Bros. е во подготовка и ќе биде објавена во одреден момент во блиска иднина. Дополнителни детали за оваа игра не беа дадени, но слушнавме претходни извештаи и гласини во минатото кои наведоа слични информации.

Надвор од ова, исто така се вели дека ќе биде објавена нова спортска игра со Mario и најверојатно ќе биде поврзана со бејзбол. Во истиот тој правец, наводно доаѓа и нова игра со Mario & Sonic on the Olympics, и ќе започне во тандем со Летните игри во 2024 година. Конечно, и можеби најзначајно, ремастерот на класичниот GameCube RPG Paper Mario: The Thousand-Year Door е веќе завршен и веројатно треба да дојде на Switch наскоро.

МАРКЕТИНГ

Неодамна се појавија вести за планираната масовна маркетиншка кампања за Grand Theft Auto 6 што ќе се случи во округот Мајами-Дејд, „вистинскиот“ град на Вицето и регионот врз кој се базира претстојната игра.

Во претходен извештај се тврдеше дека канцеларијата на градоначалникот е во преговори со „извршни директори од компанијата зад GTA“ за огромен маркетиншки договор што ќе ја трансформира областа.

Предлогот, кој би содржел билборди, знаци „Добредојдовте во градот на Вицето“ поставени на аеродромите и возот Метромовер во Мајами завиткан во брендот GTA 6, наиде на непосредни реакции.

Неодамна, шерифката на округот Мајами-Дејд, Роузи Кордеро-Штуц, се спротивстави на потенцијалниот договор.

Во изјава објавена од Miami Herald, Кордеро-Штуц рече: Grand Theft Auto е франшиза за видео игри изградена околу криминална активност. Неговиот измислен свет вклучува убиства, грабежи, трговија со дрога, кражба на автомобили, насилство врз органите за спроведување на законот и други однесувања за кои мажите и жените од шерифската канцеларија на Мајами-Дејд работат секој ден да ги спречат.

Сентиментот се прошири на изјавата дадена од комесарот на Мајами-Дејд, Хуан Карлос Бермудез, фаворит за следниот градоначалник: Округот Мајами-Дејд помина децении градејќи репутација како дестинација од светска класа за туризам, бизнис, инвестиции и можности. Треба да го промовираме Мајами-Дејд за кој работевме толку напорно, а не измислена верзија на нашата заедница дефинирана од криминал и насилство.

Не е јасно колку округот бара од Take-Two Interactive и Rockstar Games за предложениот маркетинг договор, ниту пак има цврста основа да се сугерира дека всушност ќе се реализира. Се приближува до датумот на објавување на играта и може да се тврди дека не ѝ треба толку многу маркетинг, особено не преземање на ниво на целиот град.

Неодамнешното откривање на гејмплејот што се појави на Netflix постави рекорди како најгледана емисија на емитувачот досега, привлекувајќи десетици милиони глави веднаш по објавувањето. Откривањето и последователната возбуда дополнително ја зголемија продажбата на конзоли, при што луѓето го подготвуваа својот хардвер во исчекување на играта.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!