Фан на Elden Ring направил Demake на играта за Game Boy

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Limgrave, The Grafted Scion и The Tarnished се преработени во 8-bit

Elden Ring, играта која што буквално го освои светот и натера многу луѓе што не беа запознаени со Souls игрите да навлезат максимално и да станат ептен фанови на Miyazaki и неговите ремек дела. Но… Како би изгледала Elden Ring во 8-bit формат за Game Boy? Еден фан на играта решил да го направи тоа, и излгеда неверојатно!

Еден дечко од Twitch кој што е познат како shintendoTV го најави тоа што го прави со нов тизер трејлер што експлодира на Elden Ring Subreddit! Покажува како еден Tarnished ја започнува неговата авантура во играта. Си шетка низ местото каде што започнувате во Elden Ring и прекрасно што целото е направено како да е за Game Boy! Си шеткате се до моментот кога го здогледувате непријателот Grafted Scion кој што личи на многу чуден Покемон. И нормално умирате и пишува “You Died” на вашиот екран. Интересно би било во Elden Ring да има Pokeballs.

ShintendoTV користи софтвер за создавање ретро игри GB Studio 3.0. Убавината е во тоа што се што прави го стрима, а стримот може да го погледнете ТУКА. Неговата цел е да направи да може да играте во Limgrave (почената зона во играта) до крајот на мај. Опасна и сериозна цел има!

Ова е супер пример како Elden Ring спои многу големи заедници да прават вакви легендарни работи. Како што може да видите на стримот на ShintendoTV ова не е лесно да се прави. Иако изгледа многу едноставно, лепење на коцки (пиксели) едни до други, ова има доста саати да се направи. За тие што се доволно запознаени со Elden Ring добро знаат колкаво место е Limgrave и колку време ќе му треба на овој човек да го направи се тоа во рок од точно еден месец. Нормално нема да биде буквално исто се како што е во целосната игра, тоа не е ни возможно, но сепак ова е дури многу потешко бидејќи треба да се внимава да се стави буквално се каде што му е местото!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

PlayStation претстави нов трејлер пред објавувањето на God of War Ragnarök.

Овој трејлер, насловен Myths of Midgard, нуди кратко резиме на епот на God of War од 2018 година. Во него глуми Felicia Day, додека таа ја раскажува досегашната приказна за Кратос и Атреус. Во текот на прераскажувањето, кое изобилува со навистина прекрасни уметнички дела, има и мали „изненадувања“ од Мимир што го знае сето тоа.

Има и нов блог за PlayStation кој ја детализира приказната, иако се разбира сето тоа завршува пред да започне Рагнарок. God of War Ragnarök треба да излезе во среда, 9-ти ноември и за PlayStation 4 и PS5.

Пред ова издание, Sony ги детализираше различните изданија што играчите ќе можат да ги добијат. Ова го вклучува и Jotnar Edition, чија цена е 230 долари. За ова, ќе добиете многу фенси физички предмети и дигитален код за играта – но без диск. Како што, за жал, стана норма, сепак, веќе го искористуваат ентузијазмот на обожавателите за серијата God of War, со ограничено издание на верзии на God of War Ragnarök кои се појавуваат на сајтови како што е eBay за повеќе од двојно повисока цена од малопродажбата.